Забава
Сеќавањето на Спок продолжи да живее – на канадски банкноти
Актерот Леонард Нимој, кој го отелотвори Спок во серијата Ѕвездени патеки, и натаму живее на канадските банкноти, но на начин што ја загрижува канадската централна банка.
Фановите на овој актер, кој почина во петокот, му оддаваат почест на банкнотите од пет канадски долари. На портретот на поранешниот канадски премиер Вилфрид Лориер масовно цртаат закосени веѓи, шилести уши и на реверот симболи на ѕвездената флота.
На канадската банка тоа не и е забавно, па ги повикаа фановите на Спок да престанат да чкртаат по банкнотите. Иако цртањето по канадските долари не е со закон забрането, тоа ги затскрива безбедносните елементи на банкнотата и им оди во прилог на фалсификаторите, истовремено и го намалува нивното траење во оптек.
Од банката уште и додаваат дека таквата пракса е „непристојна“ бидејќи на банкнотата се канадските симболи. Лориер беше седмиот канадски премиер, на должност од 1896 до 1911 година. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.