Македонија
ЗК Пелагонија ќе донира 100 тона сточна храна во настраданите подрачја
ЗК Пелагонија АД Битола изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за загубите направени од катастрофалните поплави кои се случија во Скопје и околината на 6-ти август годинава.
Согласно апелите упатени од граѓаните на зафатените подрачја, покрај огромните материјални штети направени од поплавите, одгледувачите на стока се останати и без неопходната сточна храна која за прехранување на нивните животни.
Сочувствувајќи и солидаризирајќи се со граѓаните, ЗК Пелагонија ќе донира 100 тона сточна храна, наменета за сточарите од настраданите подрачја чии залихи беа уништени во невремето. Во наредните десет дена компанијата секојдневно ќе доставува по 10 тона храна во погодените подрачја, а доколку е потребно акцијата ќе продолжи и во наредниот период, односно сѐ до стабилизација на состојбата.
ЗК Пелагонија е најголемиот производител на сточна храна во Македонија. Под раководство на висококвалификувани технолози и најсовремена производна линија, производството во најголем дел се прави од сопствени земјоделски производи по пропишани рецептури кои ги задоволуваат највисоките стандарди во производството на сточна храна./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

