Македонија
Судот им ги врати пасошите на членовите од „Левица“
Судот им ги врати патните исправи на членовите на партијата „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот на протестите на 13-ти април против одлуката за аболиција.
Судијката го прифати барањето на одбраната, на обвинетите да им бидат укинати превентивните мерки, односно да им бидат вратени патните исправи, бидејќи имаат семејства, академски обврски, семинари и бидејќи е период на годишни одмори. Тие ќе имаат обврска редовно да се јавуваат во судот или пред надлежен орган.На денешното рочиште Обвинителството достави докази до судот, имотен лист и одлука на Владата, со кои, според Обвинителството, се докажува дека просторот во кој се наоѓа Народната канцеларија на Претседателот е државен имот кој бил отстапен на користење за потребите на Претседателот, Ѓорге Иванов.Со ова Обвинителството го оспори тврдењето на одбраната дека Народната канцеларија не е државен имот и поради тоа државата не може да биде оштетена. Адвокатите побараа дополнително време за разгледување на доказите.„Има повеќе правни субјекти кои се лоцирани на локацијата на ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 7, односно според катастарот има повеќе објекти. Ние ги извадивме сите имотни листови и, по наше мислење, сметаме дека тој објект, за кој денеска ни беше дадена одлука на Владата, не е односниот објект, но ќе ни треба време да го проучиме, и можеби ќе ангажираме и вешто лице кое ќе ги спореди и нашите имотни листови и ќе изврши идентификација за кој објект станува збор“, рече адвокатот Сашо Дуковски.Судењето се одложи за на 13-ти септември.Членовите на „Левица“ беа во куќен притвор повеќе од еден месец и се товарат за кривично дело „учество во толпа“ што ќе стори кривично дело./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

