Македонија
Ѓорчев ја одложи расправата за Извештајот на СЈО, ја чека Јанева
Претседателот на Комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев, го одложи продолжение на надзорната расправа за Извештајот на СЈО, затоа што според него, обвинителката Катица Јанева не ги известила дека нема да присуствува.
Во петокот, обвинителката Јанева ја напушти седницата и јавно соопшти дека веќе нема да доаѓа, бидејќи начинот на кој се дискутира со напади од членовите од владејачкото мнозинство, за неа е класичен мобинг.Ѓорчев седницата ја закажа за четврток, кога на пленарна седница се предвидени пратенички прашања.На прес-конферемцијата на СЈО, во средата, кога ја објавија новата истрага за случајот наречен „Трезор“, обвинителката Ленче Ристовска рече дека Јанева ја испочитувала законската обврска да присуствува на седницата на Комисијата за политички систем, дури и одговарала на поставените прашања, од кои не сите се однесувале на извештајот и дека ќе се појави, како што и таа рече, на пленарна седница на која ќе се расправа по Извештајот.Дека не бега од одговори, Ристовска потврдуваше и со фактот дека Јанева ја најави прес-конференцијата и замина во Советот за јавни обвинители, каде рече дека имала обврски. Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, ВМРО-ДПМНЕ од оваа Комисија прави циркус се со цел Извештајот на Јавниот обвинител Марко Зврлески да не дојде на дневен ред на Комисијата или на пленарна седница.Сугарески вели дека Извештајот на СЈО не е општ акт односно законски пропис, и Комисијата може да работи без присуство на Јанева./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

