Македонија
МВР поскапо набавувало опрема за да се богати Финзи ДООЕЛ
Специјалното јавно обвинителство покрена нова истрага под работно име „Трезор“, во која се разоткрива како Управата за безбедност и контраразузнавање набавува опрема со посредник, поскапо за вкупно околу 862.000 евра, и плаќа непотребно за нејзино одржување, иако таа е со истечена лиценца и не е во функција.
Со новата истрага осомничени за злоупотреба на службена положба се три лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од Министерството за внатрешни работи, кои преку правното лице „Финзи ДООЕЛ“, чиј директор извесен период бил и сведокот, сега починатиот Коста Крпач, од Велика Британија нарачува електронска и комуникациска опрема, со цена повисока за околу 862.000 евра. За оваа сума, преку повеќе договори и анекси на договори е оштетен Буџетот на Република Македонија, а со цел лично богатење и прибавување имотна корист.Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи која го презентираше новиот случај, не откри за кои лица станува збор, но рече дека за нив од судот, во текот на денешниот ден ќе бараат примена на мерки за обезбедување присуство, како и замрзнување на имот до крајот на истрагата.Обвинителката Ленче Ристовска, појасни дека нема да излезат со иницијали или точна функција на осомничените за да не се шпекулира во јавноста за кого се работи се додека се само осомничени, но рече дека немаат информации дека не се во државава.Економксиот криминал се случувал во период од 2010, 2011 година, а со анекс на договорот разработениот криминал продолжил до 2015 декември, кога почина директорот на Финзи ДООЕЛ Коста Крпач.Имено, Управат за безбедност и контраразузнавање набавила опрема за комуникации од британска фирма, но тоа не го направила директно од правното лице од Британија, туку со посредник, македонската фирма Финзи ДООЕЛ, која на почетокот за директор имала лице во крвно сродство со третоосомничениот од овој случај. Финзи ДООЕЛ, неколкукратно ја зголемувал сумата на набавката, што МВР ја плаќало, а Финзи се богател. Инаку, како што појасни Фетаи, Финзи е фирма отворена во Македонија, но во сопственост на американска фирма основана на Кипар.„Откако го договориле начинот на набавка, прво и второосоминичениот усно му наредиле на вработениот во МВР да набави опрема од Велика Британија без да ги почитува правилата на тендерската постапка, туку преку Финзи да се порача опремата, а на македонската фирма и доставил спецификации и рекол да се јават на огласот, отпосле распишан“, појасни Фетаи.Финзи ДООЕЛ, според Фетаи, неколку години не работел ништо друго, освен што што го зголемил основниот влог заоколу 650.000 евра.
„Инаку, според доказите правното лице ДТУ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје е основано во 18.08.2009 година, од правно лице од САД. До крајот на 2010, кога му е доделена работата од МВР за набавка на предметната опрема, единствено што работел овој правен субјект е што има зголемување на основната главнина со 650.000 евра паричен влог. Овие средства се префрлени од сметката на Финзи САД, кој била отворена на Кипар, на сметката на Финзи ДООЕЛ Скопје. Потоа истите средства се префрлаат како влог во правното лице Си-фи кар (Систина – Финзи Кардиологија)“, рече Фетаи.Ова продолжило и во 2013 година кога првите двајца осомничени му кажале на вработениот во МВР дека му треба дополнителна опрема на УБК, па направен е анекс на договорот со што повторно преку Финзи е направена набавка. Направен е и втор анекс во 2012 година, потпишан од МВР и Финзи претставувано од тогашниот управител Коста Крпач, а од Финзи е изготвена фактура петпати поголема од анексот, што е целосно исплатена од МВР.Како втора точка од истрагата, поврзана со првата, СЈО истражува како од јули 2014 до крај на 2015 година, кога загина Коста Крпач, МВР барало и плаќало одржување на опремата, иако немало потреба од одржување, а подоцна договорено било и месечно одржување кое авансно се плаќало од МВР во висина од околу милион денари месечно, со вкупна вредност од 46 милиони денари. Но, по девет плаќања, ова прекинало во декември 2015 година, кога МВР еднострано, по смртта на Крпач, го раскинало договорот. Како што најави Фетаи, од судот ќе бидат побарано привремено замрзнување на имот на неколку лица и ќе бидат побарани мерки за претпазливост односно за обезбедување присуство од осомничените.Ристовска појасни дека предмет на истрага ќе биде и за што се трошеле овие пари, и дали биле вложувани во одредени медиуми, ако се има предвид дека Крпач беше сопственик на неколку.Ова е шести предмет на СЈО. Досега отвори пет истражни постапки „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Тврдина“ и „Транспортер“, а поднесе и две обвиненија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре протест поради загадениот воздух
Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието и завршува пред Владата на Република Македонија.
Од „Зелен хуман град“ предлагаат неколку итни мерки, но и повеќе среднорочни, за поефикасно справување со штетните честички во воздухот.
„Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух.
Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето“ велат од „Зелен хуман град“.
Македонија
Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид
Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид спасила ловечко куче паднато во провалија од околу 50 метри.
Вчера добиле повик од група ловци, чие ловечко куче се изгубило. Поради сериозната експонираност на теренот, ловците побарал помош од ПСС, по што еден тим од двајца спасувачи веднаш излегол на терен.
„Со помош на околувратникот со вграден ГПС локатор, го лоцирале кучето на едно хоризонтално зарамнување од ископот на каменоломот во селото Речица, 100-тина метри од подножјето и околу 50 метри од горниот раб на ископот. Дополнителен проблем претставуваше тоа што кучето единствено соработува со неговиот сопственик, поради што бевме принудени во операцијата покрај припадникот на ПСС, да го обезбедиме и спуштиме до кучето и сопственикот. По неколку часа, кучето и сопственикот беа извлечени на сигурно и спуштени во подножјето на каменоломот“, соопшти ПСС Охрид.
„Вештините на планинските спасувачи, се единствени кои можат да спречат влошување на состојбите и предизвикување емотивен шок за луѓето, во случајов сопствениците на кучето, кои беа видно загрижени за неговата безбедност“, посочува Планинската спасителна служба.
Македонија
Црвениот крст од Кочани однесе помош за човекот кој на 112 пријави дека три дена е оставен без храна
Службите на Црвен крст од Кочани утрово однесоа помош до Ванчо Димитров, неподвижен човек во селото Видовиште откако тој вчера самиот се пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба и три дена е без храна. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пријавија случајот, но неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат.
Црвениот крст кај Димитров дома однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна.