Контакт

Забава

Го крсти синчето Убер, откако го роди во такси

Објавено пред

Индијка го крсти синот Убер, според такси компанијата Uber во чиешто возило е родено детето на пат до болницата во Њу Делхи.

dobivaj vesti na viber

Жената се јавила во Uber барајќи транспорт до болницата, по неколку безуспешни повици упатени до службата за брза помош. За весникот Times of India изјавила дека во возилото имала уште две пријателки со кои го делела возењето и барале да биде однесена во централната болница во Њу Делхи, но морале по пат да застанат, бидејќи на момченцето „му се брзало“, а возачот ѝ помогнал да се породи. „Се пошегувам дека се зголеми бројот на патниците во мојот автомобил. Сите се смееја освен жената која имаше болки…, па повторно го запалив возилото и побрзав кон болницата“, изјавил возачот Шахнаваз Кан.Раскажал дека советувал да биде повикана брза помош, но ми рекле дека не може да се добие ниедно возило, а поради големите болки на жената морал да запре. „Ги извадив навлаките од седиштата и ја сипав водата што ја носев за пиење. Детето се роди за неколку минути…“, додал Кан.Тој е поканет на церемонијата на која ќе биде крстено новороденчето, и тоа со името на компанијата за којашто вози Шахнаваз. Овој случај, коментираат индиските медиум, е добредојден за компанијата Uber, по информациите дека 25-годишна жена била силувана од еден од нејзините возачи минатата година, а во ноември возачот беше осуден на доживотен затвор./крај/мф/сн

Извор: DPA

Забава

„Патувачките баби“: Две 80 годишни пријателки го обиколија светот за 80 дена со буџет од 29 долари по ноќ

Објавено пред

Кога пријателството ќе се роди од болка, понекогаш прераснува во најголема животна авантура. Таква е приказната на 84-годишните Елеанор Хамби и Сандра Хејзелип од Тексас, кои заедно ги освоија сите седум континенти за само 80 дена – со буџет од едвај 29 долари по ноќевање.

dobivaj vesti na viber

Елеанор и Сандра се запознале пред дваесетина години на медицинска мисија. Двете останале вдовици по трагични околности и токму тоа искуство ги зближило. Од тогаш, нивната врска станала нерскинлива – топлата и смирена Сандра и храброто, авантуристичко срце на Елеанор сфатиле дека ја делат истата страст: да го гледаат светот со радост и љубопитност.

@aroundtheworldat80 At age 80, I planned a once in a lifetime trip with my best friend. #aroundtheworld #friendship #bestfriends #aroundtheworldin80days #adventure #over60 #onceinalifetime @Penguin Random House @Penguin Books ♬ Breakaway – Kelly Clarkson

Тие патуваат по правило – никогаш прва класа.

„Во прва класа зборуваш само со туристи. Во втора класа ги запознаваш вистинските луѓе,“ вели Елеанор. Така престојувале во мали пансони и семејни куќи, често за цена пониска од 20 долари. Во Каиро, за 13 долари спиеле во скромна куќа со поглед на пирамидите.

„Феноменално,“ се сеќаваат – за таа цена ја гледале и светлосната претстава од покривот.

Нивното патување започнало на Антарктикот, а потоа како во романот на Жил Верн „Околу светот за 80 дена“, со авантуристички дух цртале патека преку светот. Патувањето станало вирален хит – луѓето ги нарекоа „патувачките баби“.

Денес, иако веќе не планираат повторно да го обиколат светот во трка со времето, Елеанор и Сандра продолжуваат да патуваат, само со помирно темпо. На 16 септември ќе ја издадат својата книга „Еве не тргнуваме: лекции за бестрашен живот од две патувачки баби“ (Here We Go: Lessons for Living Fearlessly from Two Traveling Nanas), во која ќе ги споделат животните лекции што ги научиле по пат.

„Мислевме дека ова е авантура само за нас, но луѓето од целиот свет ни дадоа љубов и поддршка,“ вели Сандра.

Нивниот совет е едноставен: „Светот е голем и прекрасен. Луѓето ве чекаат – само треба да им ги отворите срцата.“

Прикажи повеќе...

Забава

Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

Објавено пред

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут

dobivaj vesti na viber

Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.

Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.

Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.

Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.

Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.

Прикажи повеќе...

Забава

Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Објавено пред

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.

„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.

Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија4 часа

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија8 часа

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија8 часа

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија9 часа

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија10 часа

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија10 часа

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...

Македонија11 часа

Денес ќе бидат објавени резултатите од мерењата на воздухот, кажа Меџити прашан кога ќе се знае што дише населението

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, на прес-конференција во Владата информира дека за следење на состојбата со воздухот...

Македонија12 часа

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ13 часа

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија14 часа

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет15 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија15 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: фирмата има дозвола за работа, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија24 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија1 ден

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија1 ден

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија1 ден

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија1 ден

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија1 ден

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија1 ден

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....