Македонија
СЈО бара мерка за претпазливост за Груевски, притвор за Талески и за началникот на УБК
Специјалното јавно обвинителство ги прими одлуките на Претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и продолжува со постапките кои ги отвори пред да биде донесена аболицијата, а во кои како првоосомничени се јауваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Од Обвинителството испратија соопштение до јавноста во кое прецизираат кој случај до каде е и какви мерки бараат. Се бараат мерки за претпазливост за поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски.Од случаите кои се под надлежност на Специјалното јавно обвинителство, единствено за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почна судски процес којшто беше запрен со донесувањето на одлуката за аболиција. Сега СЈО бара Апелациониот суд да го укине решението на Основниот суд Скопје 1 за да продолжи кривичната постапка за овој предмет. Продолжува и првиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, за злоупотреба на изборите во којшто се осомничени се поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески. Иако СЈО бараше притвор за нив, Судијата на претходна постпака не им одреди мерки за обезбедување на осомничените.Обвинителствотопак бара мерки за претпазливост против шестмината осомничени во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски. За првоосомничениот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков нема барање за притвор исто како и претходно, бидејќи Обвинителството смета дека не постои опасност од бегство и нему не му беше одземена ниту патната исправа. Во овој случај осомничен е и актуелниот командир на „Алфите“, Ивица Антевски Пуки, кој учествуваше во апсењето на Бошкоски. Притвор како и претходно се бара и за началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски за предметот под име „Тврдина“ кој се однесува на незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите, поточно два технички системи. И покрај тоа што опремата не била технички застарена и била функционална, била уништена. За останатите четворица осомничени во овој случај, меѓу кои и Јанкулоска, има поднесено предлог за определување на мерки за претпазливост. Истражна постпака ќе биде спроведена и против градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за случајот „Транспортер“, односно за малверзации со ученичкиот превоз. За него не беше поведена истражна постпака за овој случај бидејќи при отворањето на овој случај тој беше помилуван од страна на Претседателот. Обвинителството за него поднесе и предлог за определување на притвор, а медиумите објавија дека Талевски денеска бил донесен на распит во Скопје, но не е познато во која институција. Единствено од Основниот суд Скопје 1 тврдат дека Талевски не е донесен на распит во судот. „По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано“, соопштуваат од СЈО.Обвинителството поднело предлози за определувањње на мерка за претпалзивост против првите тројца осомничени во случајот „ТНТ“, однсоно за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Груевски, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и и за градончалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.За нив е отворена истражна постпака за незаконско рушење на станбено деловниот објект „Космос, во сопственост на бизнименот, Фијат Цановски, кое, според СЈО, било направено заради политичка одмазда. Обвинителството претходно не ги гонеше поради одлуката за аболиција која беше на сила кога беше отворен и овој случај.„Во делот на видовите на мерки кои се предложени од страна на ова Јавно обвинителство, до Основниот суд Скопје се поднесени соодветни предлози за определување на мерки, кои за секој конкретен случај се различни“, се вели во соопштението./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) По барањето за извинување од „Пирамид билдинг солушнс“, СДСМ тврди: Сè е јавно достапно
Откако компанијата „Пирамид билдинг солушнс“ побара извинување од СДСМ, од опозициската партија велат: „Тоа што АКТ го објави се факти, аргументи и докази. Станува збор за 51 тендер во општините, во вредност од 16 милиони евра, и сите податоци се јавно достапни.
Петар Огњеновиќ рече дека фирмата може да се обрати до Јавното обвинителство и од таму да бара извинување.
СДСМ прашува дали е спорен мандатот на Доновски како член на избирачки одбор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и дали станува збор за клевета или за факти што, како што тврдат, укажуваат на тендерски шеми.
Според СДСМ, сопругата на Доновски е сопственичка на три фирми, а една од нив, „Аксес инженеринг груп ДОО увоз-извоз Скопје“, е основана во 2019 година со Филип Гулевски, кој подоцна станал сопственик и на „Аксес констракшн груп увоз-извоз Скопје“.
СДСМ тврди дека оваа фирма на 4 декември 2025 година добила тендер од 1,1 милион евра за спортски сали во Крушево и Аеродром, доделeн од Министерството за спорт.
Од партијата порачуваат дека Антикорупцискиот тим ќе продолжи со јавно објавување на информации и докази, наведувајќи дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп покриен шанк во паркот „Авионче“
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk.
Предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, лоциран во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Објектот располага со кафе-бар, кујна, тоалети, тераса и помошни простории и се дава под закуп за период од пет години.
Рокот за поднесување пријави е до 13 февруари 2026 година, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 16 февруари 2026 година.
Како дел од посебните услови, најповолниот понудувач ќе има обврска во рок од 90 дена да постави детско игралиште со реквизити во паркот, да обезбеди редовно одржување на просторот, јавен пристап до тоалетите, систем за управување со отпад и 24-часовна чуварска служба.
„Со оваа постапка продолжуваме со транспарентно управување со јавниот простор, унапредување на парковската инфраструктура и создавање подобри услови за граѓаните, како и поддршка на локалниот бизнис сектор“, велат од Општина Аеродром.
Целосната документација и условите за учество се достапни на www.e-stvari.mk и на официјалната веб-страница на Општина Аеродром, односно на следниов линк: https://sn.rs/rvpmd.
Македонија
СДС шири непотребна паника за визите, не станува збор за забрана за патување во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа пласира тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех., велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да разјасниме за јавноста и граѓаните СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визи за граѓаните. Едноставно, станува збор за времена на постапки поврзани исклучиво со иселенички визи за САД, за којшто има најмал број на апликации“, велат од владејачката партија.
Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не станува збор за целосна забрана за патување или влез во САД, и не влијае на другите категории на визи за САД, односно не претставува никаква пречка и не постои никакво ограничување за другите категории на визи како што се туристичката виза, студентска итн, односно политиката останува непроменета по однос на овие визи.
Воедно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ја потсетиме јавноста и СДС дека кога се појавија податоците за тарифите за даноците од САД, опозицијата критикуваше дека сме вброени во земјите со највисоки тарифи, а кога ВМРО-ДПМНЕ издејствува да бидат најниски, СДС ги снема, наеднаш исчезнаа од јавноста.
„Истото се случува и сега. Наместо одговорно информирање се шири паника и се шпекулира. Македонија има одлична и континуирана соработка со нашиот стратешки партнер САД, а тоа ќе продолжи и во иднина, затоа што работиме исклучиво во интерес на граѓаните и државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
фото/Depositphotos

