Забава
Судот одлучи дека брачна двојкa мора да носи исто презиме

Врховниот суд на Јапонија го задржа во средата законот со кој на венчаните брачни двојки им се наметнува прописот да мора да носат исто презиме, што претставува пораз за тужителите кои овој пропис од XIX век го сметаат за сексистички и архаичен.
Судот оцени дека законот е во согласност со уставот на Јапонија, додека во одвоена одлука, исто така, објавена во средата, го оцени за неуставен прописот од истиот период со кој се бараше разведената жена да чека најмалку шест месеци пред повторното мажење, соопштија адвокатите на тужителите и владата во Токио.
Меѓутоа, судиите не оделе толку далеку за да ја поништат целосно оваа забрана за премажување на разведените жени, туку се одлучиле таа да има важност од 100 дена или помалку.
Законот за имињата, односни презимето, потекнува од старото феудално организирање на семејството во Јапонија, во коешто жените и децата биле под целосна контрола на главата на семејството.
„Тоа не го крши уставот“, изјави во средата претседателот на јапонскиот уставен суд Итсуро Терада, во врска со прописот кој го наметнува заедничкото презиме за сопружниците, било да станува збор за презимето на мажот или на презимето на сопругата.
Многу Јапонки, би сакале да се поништи обврската брачна двојка да носи исто презиме пишуваат локалните медиуми, но 96 отсто од жените го носат презимето на мажот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Омилената актерка ги загрижи сите: „Се надевам дека е здрава“

Додека сите ја чекаме новата сезона на „Емили во Париз“, Лили Колинс уживаше на Неделата на модата во Њујорк.
Убавата актерка се појави на ревијата на Келвин Клајн за пролет 2026, но со својот изглед успеа да ги засени сите, или поточно, да ги загрижи.
lily collins omg pic.twitter.com/QSBpbaXBRQ
— favs pop culture (@favspopculture) September 12, 2025
Се појави во сет составен од долга здолниште и топ, така што нејзиниот стомак беше видлив, но потоа беше јасно и колку е слаба Лили. Овој нејзин изглед буквално шокираше многумина и предизвика лавина од коментари.
„Зошто луѓето мислат дека неухранетоста е привлечна“, „Сигурно не се хранела правилно со години“, „Се надевам дека е здрава и дека ова е за улогата“, „Нема да судам“, „Ова е навистина премногу, таа е премногу слаба“, беа некои од коментарите.
Лили Колинс неодамна заврши со снимањето на петтата сезона од омилената серија „Емили во Париз“ и во таа пригода им се заблагодари на сите на Инстаграм.
Многумина забележаа и дека во таа објава таа не е толку слаба како што е сега на Неделата на модата во Њујорк.
Забава
(Фото/видео) Марго Роби шокираше со својот изглед

Невообичаено за неа, една од најубавите актерки ги откри сите свои атрибути и потценување е да се каже дека ги остави луѓето без зборови.
Актерката Марго Роби неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „A Big Bold Beautiful Journey“ во Лондон, а за таа пригода одлучи да облече смел фустан.
Таа прошета по црвениот тепих во креација „Armani Privé“ и потценување е да се каже дека посетителите на настанот останаа без зборови.
Креацијата на Армани е исткаена од транспарентен материјал, а е украсена со бројни кристали кои се поставени така што само малку ги кријат интимните делови од телото.
Покрај тоа, има отворен грб, но и прерамки кои едвај го држат фустанот да не падне и да предизвика скандал.
Една од најубавите актерки го надополни својот стајлинг со минималистичка шминка во земјени тонови, едвај видливи обетки, но добро средена фризура – висока пунџа која ја нагласуваше нејзината вистинска убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Атрактивната бринета има добитна комбинација: само чипка и долна облека

Црната чипка никогаш не излегува од мода, а Дакота Џонсон најде начин да ја комбинира со други парчиња облека и да го истакне целиот свој сексапил.
Актерката Дакота Џонсон присуствуваше на гала-вечерата на Фондацијата Керинг, која се бори против насилството врз жените и децата.
Самиот настан се викаше „Грижа за жените“, а многу дами од јавниот живот се јавија на поканата на организаторите да присуствуваат.
Една од нив беше Дакота, која се појави во секси комбинација. Носеше макси фустан од Гучи направен од црна чипка, а под него само долна облека.
Се чини дека актерката најде начин да го комбинира овој безвременски материјал со други парчиња облека и со тоа да го истакне целиот свој сексапил.
Својот стил го комплетираше со земјена шминка која ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето, едвај забележливи додатоци и висока пунџа.
фото: принтскрин