Македонија
Единиците на АРМ дејствуваат во скопско Стајковци во извлекување од поплавени објекти
Еден од тимовите на македонската армија, која ноќта кон неделата по наредбата на шефот на државата и Врховен командант Ѓорге Иванов помага во справувањето со последниците од големото невреме, се наоѓа во скопското село Стајковци, каде е ангажиран на извлекување на локалното население од поплавени станбени објекти, а министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека сите надлежни институции се на теренот, на граѓаните им се пружа максимална поддршка и помош.
Единици на АРМ доцна ноќта во саботата беа упатени на местата кои се сметаат за најкритични во моментов. За таа цел се употребуваат армиски „хамери“ и камиони опремени со макари за извлекување на заглавени возила. Командантот на Полкот за специјални операции (ПСО) е на командно место, информираат од кабинетот на шефот на државата.
Претходно во саботата вечерта по повод невремето што зафати делови од земјата и особено скопскиот регион, Претседателот и Врховен врховен командант, Ѓорге Иванов ја задолжи АРМ да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето.
„Владата заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ, екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето“, изјавви за ТВ НОВА, министерот министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети кризниот штаб кој градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го формираше по невремето и поплавите во Скопје.
Спасов истакна дека според првичните информации поголеми штети има во скопскиот, а помали во тетовскиот регион.
„Неочекувано дојде до поголеми поплави во поголем број на населени места во скопско. Институциите се веќе на терен и се обидуваме максимално да им дадеме поддршка на сите кои им е потребна помош“, рече Спасов./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски се фотографираше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.
Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида, по што Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.
Одбележувањето продолжи со традиционален марш кон месноста Петлец, местото каде што Груев го положи својот живот за идејата за слободна и независна Македонија.
Настанот се реализираше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Берово, со присуство на бројни граѓани, партиски претставници и почитувачи на македонската револуционерна историја.
Македонија
Ја претепал вонбрачната партнерка со трпезариска столица, па ја силувал откако тешко ја повредил
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
-Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија, стои во соопштението на ЈОРСМ.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оттаму додаваат дека притоа особено се ценела опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.
Македонија
Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас
Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно Диско Селекторе“, напиша тој на Фејсбук.

