Македонија
Раскинаа Наоми Вотс и Лив Штрајбер
Актерите Наоми Вотс и Лив Штрајбер во понеделникот потврдија дека се разделуваат откако поминаа 11 години заедно.
Двајцата актери никогаш не стапија во брак, но важеа за една од најстабилните двојки во Холивуд.ТМЗ пишува дека љубовта завршила уште во јануари, а веќе некое време не живееле заедно. Наоми и Лив прв пат заедно се појавија во септември 2005 година на Филмскиот фестивал во Торонто, а овој месец исто така заедно присуствуваа на овој фестивал, држејќи се за раце на црвениот тепих. Двојката се запознала на Мет гала вечер во Њујорк во 2005 година, а Лив подоцна изјави дека Наоми прва му пришла и го повикала подоцна заедно да одат во клуб.Во 2006 година прв пат задно глумеа во филмот “The Painted Veil”. Следните години редовно се појавуваа заедно на црвениот тепих.Во март 2007 година двојката објави дека го чека своето прво дете, а во јули Наоми го роди синот Александар. Следната година повторно затрудне и во декември 2008 година го роди вториот син Семјуел. Пред да биде во врска со Лив, Наоми беше во врска со покојниот актер Хит Леџер, од 2002 до 2004 година. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

