Забава
Елизабета Втора и Мики Маус на кованица на пацифичкиот остров Ниуе

Малото островче Ниуе во Јужниот Пацифик пушти во оптек кованица со втиснат лик на британската кралица Елизабета Втора на една страна, додека на другата страна се наоѓа ликот на Мики Маус.
Станува збор за златни и сребрени монети чија вистинска вредност ја надминува нивната номинална вредност втисната кованицата. Бидејќи станува збор за оригинални кованици, авторите се надеваат дека ќе побудат голем интерес кај нумизматичарите.
Судејќи според досегашните искуства, тоа би можело и да им успее. За само десет минути неодамна беа разграбани 1.000 кованици, секоја од 28,3 грама со ликот на Пајо Паторот, рече Сајмон Хардинг, директор на приватната новозеландска компанија Музеј на пари, која и ги искова.
Засега најдобро се продаваат парите со ликот на Мики, Плутон, Мини и се разменуваат за 80 евра, иако вредноста им е само 25 долари.
Островчето Ниуе, 2.400 километри североисточно од Нов Зеланд и со 1.400 жители, собира ројалтии(надомест за искористување на правата) од секоја продадена кованица. Ниуе е во рамки на Нов Зеланд и се надева дека со овие кованици во следните 10 години ќе заработи 4,5 милиони долари. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.