Забава
Елтон Џон, сепак, се слушна со Путин
Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со славниот британски музичар Елтон Џон, замолувајќи го да не се обѕирнува на пренкерите (шегаџии), и понуди да се сретнат лично, соопшти во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Пред две седмици Солјаров се претставил како портпаролот на претседателот и го преведувал наводниот разговор со рускиот претседател кој го глумел Краснов. Елтон Џон оваа „информација“ ја објави на Instragram, откако претходно за BBC изјави дека би сакал разговара за темата со Путин Тој ја изложи ремата за толеранцијата и правата на луѓето, вклучително и во Украина, на форумот Јалтска европска стратегија (YES) во Киев.
Елтон Џон веднаш на својот профил на Instragram јавно му се заблагодари на Путин за повикот. „Се радувам на скориот состанок во четири очи и разговорот за ЛГБТ права а“, напиша музичарот. Меѓутоа тогаш Кремљ набрзо демантираше дека бил воден телефонски разговор.
Сепак во четвртокот Песков објави дека „денеска Путин разговараше со Елтон Џон“. „Путин му телефонираше и рече: Знам дека ве изиграле телефонски момците, но не го обвинувајте, тие немале намера да ве навредата, но тоа сигурно не ги оправдува“, го цитира Песков рускиот претседател.
„И Путин рече дека знае колку е популарен изведувач е Елтон Џон, и дека доколку во иднина нивите распореди се совпаднат, тогаш тој ќе биде подготвен да се сретен со него и да дискутираат за сите прашања за кои се заинтересирани“, рече Песков.
Веднаш потоа се огласија и двајцата комедијанти кои изјавија делка се радосни што ја забрзале средбата на рускиот претседател со британскиот уметник, како и дека со задоволство би учествувале на неа.
„Многу сме горди што ја забрзавме средбата на претседателот со Елтон Џон, за којашто Елтон Џон изрази подготвеност, но сé беше решено многу брзо“, изјави Краснов, односно „Вован“. Додал дека тој и „Лексус“ „со задоволство би земале учество на тристрана средба, доколку бидат поканети“.
Претходно комедијантите Владимир Краснов и Алексеј Столјаров, познати на интернет Вован и Лексус, кои претходно слична измама им приредија, меѓу другите, и на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, сега ангажиран во украинскиот русојазичен пристанишен град Одеса, на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и на белорускиот претседател Александр Лукашенко, го наседнаа и Елтон Џон./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

