Забава
CERN докажа дека Сила постои, Варуфакис почна да ја наплаќа Питагоровата теорема
Од супермаркетот кои поставува трамполини за неговите клиенти да ја дофатат стоката од горните рафтови, до престижниот научен инцидент CERN дека постои Сила, средата беше исполнета првоапарилски шеги во европските медиуми.
Германската „Commerzbank“ објави дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во настојувањата да ги реши грчките финансиски проблеми, предложил воведување еднократна лиценца са користење на Питагоровата теорема, по цена од едно евро. Така, сметајќи од 1-ви април 570 година пред нашата ера, Грција со тоа би заработила 107,443,980,002,362,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000 евра, со камата од четири отсто, пресметале педантните германски банкари.
Германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung објави дека Европската централна банка (ECB) отвора ресторан со поглед кој се вика „Залез не еврото“. Во понудата е евтин оброк за сиромашните Европејци од југот.
Британскиот The Guardian пишува дека славниот љубител на автомобили и гуру на политичката некоректност Џереми Кларксон, неодамна отпуштениот водителите на најпопуларната емисија „Top Gear“ на британскиот јавен сервис BBC, се придружил на кампањата против користење фосилни горива.
„Кларксон соопшти дека доживеал просветлување и се надева оти ќе ја врати довербата на британската јавноста така што ќе ги посвети своето време и пари на борбата за користење одржлива енергија, безбедноста во сообраќајот и развојот на толеранцијата меѓу различните култури и религии“, пишува весникот.
Слична била темата и во Обединетите Арапски Емирати каде што многумина обожуваат „до даска“ да ги возат своите скапи спортски автомобили и никој не размислува за потрошувачката на бензинот. Весникот National на насловната страница објави дека владата разгледува да го забрани користењето на „теренците“ и СУВ возилата, а сопствениците се поттикнуваат да ги заменат со автомобили кои ја штедат природната околина.
Бесплaтниот лондонски дневен весник Metro, пак, објави фотографија на жена која скока по трамполина за да дофати производи ставени на највисоките полици. Таа нова услуга ја понудил синџирот супермаркети „Tesco“, „информираше“ весникот.
Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) на својата интернет страница објави дека во нејзиниот Голем хадронски судирач (Large Hadron Collider) недвосмислено е докажано дека Сила (Force) постои, откритие зад кошето стои научникот Бен Кеноби.
„Иако четирите фундаментални сили – јаката сила, слабата сила, електромагнетната сила и гравитацијата, се документирани и потврдени, по експериментот спроведуван во текот на изминатите години, CERN денеска објавува за недвосмислениот доказ за постоење на Сила“, стои во соопштението на насловната страница на институтот, а минијатурниот зелен портпарол на лабораторија го коментира со „Многу е импресивен овој резултат“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

