Скопје
Центар ќе забрани градежни активности на Кејот на Вардар
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник, до Советот доставил одлука со која се забрануваат градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улица „Вовјвода Васил Аџиларски“, улица „Димитрија Чуповски“, улица „Македонија“, плоштад „Македонија“ и Камен мост.
Во овој реон спаѓа и Кејот на Вардар, а ако се усвои оваа одлука до истекот на оваа календарска година, сите градежни активности ќе бидат забранети. „Јас и советниците од нашата коалиција, на ваквиот чекор се решивме откако минатата недела, советот на Град Скопје, одлучи на Кејот да се гради транспортна улица. Ваквата улица целосно би го уништила кејот, би го ограничила движењето на граѓаните, и со нејзино градење би изгубиле еден јавен простор. Со ваквата улица трајно би се сменил изгледот и фунционалноста на Градскиот трговски центар и би го изгубиле едно од најубавите шеталишта во Скопје“, рече Жерновски. Жерновски најаи дека забраната за градба ќе остане на сила се додека градските власти не ја променат оваа одлука.„Го повикувам градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, да се откаже од идејата за изградба на улица и заедно да застанеме во одбрана на нашиот Кеј. Предлагам да отвориме јавна дебата во која ќе ги вклучиме засегнатите страни и заеднички да најдеме прифатливо решение за сите“, додаде Жерновски.Транспортната улица се планира да се гради од улицата „Филип Втори“, до зградата на Телеком, која се наоѓа пред плоштадот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




