Забава
Џејмс Бонд сè повеќе пие
Откако улогата на Џејмс Бонд ја презеде Даниел Крег, агентот 007 на секој филм во просек испива повеќе алкохолни пијалаци отколку претходно, со што серијалот за славниот агент го демантираше претходното мислење дека алкохолот и цигарите во старите филмови биле поприсутни отколку денес.
Најпознатиот шпион досега го толкуваа пет актери, но Бонд никогаш не испил дури 20 пијалаци по филм, колкав што е просекот откако улогата ја презеде Крег, покажа истражувањето на британскиот часопис The Grocer.
Шон Кoнери пиеше двапати помалку(11 пијалаци) откако ја презеде улогата во 1962 година во филмот „Др. Но“. Истиот просек го држеше и Роџер Мур, Џорџ Лезенби стигна до девет пијачки во единствениот филм што го сними за Бонд, а Тимоти Далтон беше „најтрезен“ Бонд со четири до пет пијачки по филм, додека Пирс Броснан ги надмина Конери и Мур со 12 пијалаци по филм.
Часописот во таа појава гледа голема улога на спонзорите, па така новиот Бонд во „Spectre“, чија светска премиера е најавена за 6 ноември, благодарејќи на спонзорот ќе „дрма“ вотки.
„Партнерството со 007 може да се покаже како одлично за големите брендови“, нагласува часописот.
Конзумацијата на џин, на пример, во Велика Британија порасна откако Крег во „Casino Royal“, од традиционалното „вотка-мартини, протресено, а не промешано“, се префрли на таканаречениот Веспер мартини, што содржи и џин, пишува The Grocer. /крај/мф/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод, Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид „брачен советник“, помагајќи не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористена и како да е „посредник“ во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува Дејли Мејл.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за Дејли Мејл.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.
Забава
(Видео) Синот на Илон Маск откри како се изговара неговото име (X Æ A-12), ги остави луѓето зачудени
Милијардерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има необично име.
Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, го објавија името на нивниот син X Æ A-12 во 2020 година, изненадувајќи многумина. На почетокот на месецов Маск даде интервју со Такер Карлсон, а во еден момент неговиот син упадна во кадарот и седна во скутот на својот татко.
Маск се насмевна и рече дека четиригодишното момче е негова мини верзија и додаде дека неговиот син го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, X Æ A-12 го кажа неговото име и ги остави луѓето во чудо.
Забава
(Видео) Познат актер седна на клавирот на железничка станица во Лондон и свиреше, изненадувајќи ги патниците
Американскиот актер Џеф Голдблум ги покажа своите музички способности свирејќи на клавир пред толпата минувачи на железничка станица во Лондон.
@universalpicturesuk The Wizard of Oz is also a whizz on the keys 🎶 #WickedMovie's Jeff Goldblum surprised passersby at St Pancras station! #StPancrasInternational #JeffGoldblum #London #NewRelease #MovieRecommendation ♬ original sound – universalpicturesuk
Најновиот настап на Голдблум беше дел од промоцијата на филмот Wicked, во кој ја толкува улогата на Волшебникот од Оз. По тој повод изведе песна од филмот и неколку божиќни композиции и ги воодушеви насобраните патници и посетители.