Македонија
Ќерката на Рамковски излезе од затвор, на Велија му останува половина од казната
Емел Рамковска, ќерката на сопственикот на сега веќе згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски во петокот излезе од затвор, откако ја одлежа казната од шест години.
Членовите на нејзиното семејство ја објавија веста на социјалните мрежи, нејзиниот зет за сестра, Сефер Цаноски на својот фејсбук профил напиша: „Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода ! Ја одлежа ” машки” политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И ГЛАВАТА ГОРЕ Твоето време допрва доаѓа …“.
Емел Рамковска беше уапсена на 24 декември заедно со нејзиниот татко, чичко, други членови на семесјтвото Рамковски, вработени во телевиизјата и други фирми на бизнименот Рамковски во случајот „Пајажина“.
Пред Судот тврдеше дека не е виновна за ниедно дело за кое ја товари обвинителството.
Во периодот од 2006 до 2009 година тврдеше дека таа со семејството живеела и работела во Турција, а во Македонија доаѓала само за празници.
Уште тогаш побара од Судот да и се замени притворот со домашен и судот да и дозволи да биде мајка, за да ги чува и воспитува своите три малолетни деца, но не доби никакво помилување.
Затворската казна ја одлежа и поранешниот директор на телевизијата, Дарко Перушевски.
Рамковски е осуден на 13 години затвор. Обвинителството го товари за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници.
Според обвинението, Рамковски и соработниците преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок.
Обвинителството тврдеше дека се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури, и тоа на странски фирми кои биле раководени од злосторничко здружение.
Рамковски тврдеше дека не е виновен и кога беше уапсен пред судот викаше „Диктатурата на дело“, алудирајќи на тоа дека случајот е политички монтиран од власта.
По неговото апсење беше затворена А1 телевизија и три дневни весници во негова сопственост./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на средби со технолошки лидери во САД: разговарано за теми од клучно значење за развојот на безбедна дигитална инфраструктура
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers).
На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои: вештачка интелигенција и нови технологии со фокус на доверливост и валидација, сајбер безбедност и национална сајбер-отпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.
Средбата вклучи разговори со Beth Meinert (виш потпретседател и генерален директор), како и со Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност, и како институциите можат да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Министерот Андоновски имаше можност да го посети и иновацискиот центар за истражување на MITRE, известува Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски заедно со владината делегација, која ја сочинуваат Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, и Златко Перински, Министер за локална самоуправа, остварија средба и со претставници на Microsoft, при што разговараа со Коззета Гарет, General Manager for Cyber Security Services во Microsoft, за актуелни предизвици и можности за унапредување на сајбер безбедноста, зајакнување на отпорноста на јавните системи и поддршка на дигиталната трансформација.
Делегацијата во САД ќе присуствува и на Молитвениот појадок, како дел од официјалната агенда на посетата.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

