Забава
Кинез ги открил тајните на долговечноста и живеел два ипол века
Кинезот Ли Чинг-јуен бил извонредно долговечен и неговиот животен век кој траел 256 години повеќе наликува на легенда, пишуваа викендов тамошните медиуми.
Според написите, Ли Чинг-јуен се родил во 1677, или според некои тврдења во 1736 година, година во Чичјансјан во покраината Сечуан. Поголемиот дел од животот го минал во планините на Сечуан, каде собирал лековите билки и ги открил тајните на долговечноста. Починал во 1933 година на возраст од 256 години, или сепак на 197 години.Во 1748 година, која Ли има 71 година, се преселил во Каисјан, за да ѝ се приклучи на војската како учител за боречки вештини и како воен советник. Во 1927 година, што е 179 години подоцна, Ли го посетил 43-годишниот генерал Јен Сен во провинцијата Сечуан, а овој бил одушевен од неговиот „младешки изглед“ и неговата сила и смелост. При посетата на генералот, е направена најпознатата, ако не и единствената фотографија на Ли Ченг-јуен.Подоцна во своите мемоари генералот Сен ја опишал појавата на својот 250-годишен гостин како „Имаше добар поглед и брз чекор, неговиот раст изнесуваше седум стапки, имаше многу долги нокти и заруменето лице“.Ли имал 200 деца од 24 жени, од кои 23 надживеал, а 24-та ја оставил вдовица која тогаш имала само 60 години, кажува кинеското предание. Но се напомнува дека своевремено на почетокот од XX век повеќе луѓе го истражувале тврдењето на Ли и тврделе дека виделе документација која потекнувала од периодот на владеењето на царот Канг Каин, вториот император од династијата Манчу. Се истакнува, исто така, дека во младоста Ли Чанг-јуен работел како аптекар и за време на неговото истражување на лековите билки на планината Јунан, открил билки на кои најверојатно се должела неговата долговечност.На прашањето за тајната на неговата долговечност, тој одговарал „Држете го срцето тивко, седете како желка, одете бодро како гулаб и спијте како куче“. Веројатно станува збор за важноста од одржување на мирна ментална состојба на човекот и значењето на квалитетниот сон.Неговите современици запишале дека им било познато само оти во текот на животот Ли применувал специјална техника за дишење чигонг, и оти пиел еликсир од билки, за кој рецептот е загубен или за него воопшто не оставил запис.Неговиот случај на долговечност бил како сензација регистриран на 2-ри октомври 1929 година, кога весникот Pittsburgh Press објавил репортажа во која пишува „Маж, на 252-годишна возраст е пронајден во рурална Кина, вели дека ја открил ‘фонтаната на вечната младост’ и надживеал 23 жени’ и се забележува дека во тој момент бил постар еден век од Соединетите држава.Во написот од пред речиси едно столетие се истакнува дека на двапати империјални власти на Кина, по повод неговите 100-ти и 200-ти родендени од локалното население добивале петиции да му одадат специјални привилегии, и оти за барањето од 1777 година постои документ во империјалната евиденција. Соговорник на весникот бил извесен доктор Ву од Сечуан кој на падините на Јунан го истражувал митскиот феномен на долговечниот Ли додека тој сé уште бил жив. Тој забележал дека Ли се сеќавал „свежо“ на настани кои се случиле пред 150 години.Во 1993 година во американскиот дневен весник The New York Times била објавена куса вест „Ли Чинг-јуен, жител на Кајхсиен, во покраината Сечуан, кој тврдеше дека е еден од најстарите луѓе на светот, роден 1736 година, кој ќе наполнеше 197 година, почина денеска“. Многу кинески научници го испитувале случајот на Ли и некои од нив забележале дека тој тврдел оти човек кој може да го контролира внатрешниот душевен мир би можел многу лесно да живее најмалку сто години./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

