Македонија
СЈО бара изземање на судијката од случајот „Тврдина“
Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка во случајот „Тврдина“, Александра Поп Стефанија.
„Судијата на претходна постапка пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Тврдина“ примил барање за негово изземање од страна на обвинителот кој постапува во истиот предмет, со тоа судијата го прекинал сослушувањето на повиканите лица“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.Судијата на претходна постапка откако ќе ги комплетира списите на предметот заедно со барањето ќе ги достави до претседателот на судот кој во рок од три дена треба да одлучи по однос на барањето за изземањето на судијата. СДСМ поднесе кривична пријава против судијката во овој случај, бидејќи, според нив, судијката е незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци.Во четврток во судот на распит дојде поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот со уништувањето на опремата за прислушување./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

