Забава
Олгица Ѓоргиева ја најави новата колекција „Complete your puzzle”

Женствена, елегантна и минималистичка, безвременска и инспиративна, силна и нежна истовремено, – така накратко симболично се опишува новата колекција со тема „Complete your puzzle” на една од најпрепознатливите модни креаторки од македонската модна сцена – Олгица Ѓоргиева.
Новата колекција ќе биде прикажана на претстојната модна недела во Скопје на 25-ти октомври, во 21ч во салонот на Порше Македонија. Оваа колекција на Олгица е поддржана од Oxette, а е наменета за девојки-жени со смисла за естетика, елеганција и модерна нота. Колекцијата ќе биде составена од секојдневни парчиња, но и елегантни свечени фустани кои ќе прават целина и ќе ја комплетираат сложувалката.
Интересно е да се напомене дека оваа колекција Олгица ја креираше во Париз, за време на модната недела која ја посети и имаше можност за присуствува на ревии од светски познати креатори, да посети работилници да се запознае со дел од посетителите и излагачите лично.
,,Париската модна недела мора да се доживее, не може да се раскаже. Оваа посета претставува огромно искуство за мојата работа. Ревиите од светски карактер се одлична можност за компарација и прибирање идеи кои ќе бидат одлично освежување и инспирација кои се надевам ќе ги пренесам до мојата публика преку новата колекција“, со воодушевување објаснува Олгица за искуството на модната недела во Париз.
Креаторката Олгица ја посети ревијата на Кензо и дел од случувањата на Галијано, како и модни спектакли кои се случувале на улиците од Париз. Според изјавите на Олгица, на Модната недела во Париз биле претставени шаренило од стилови: од минималистички до креативни. Настанот бил организациски беспрекорно реализиран, како што му доликува на настан кој е посетен од светската модна елита.
,,Посетив неколку showrooms каде што можеше да се види вистинска продажба на дизајнерски парчиња и свесност за почит и третирање на дизајнерско парче и работата на еден дизајнер. Музејот за уметност и текстил исто така е одлично, фантастично место за црпење на инспирација…модата претставена низ историјата, до ден денес…изложени беа парчиња облека кои беа направени пред 100 години кои дишеа со толкава свежина што како денес дека се создадени“, вели Олгица.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.