Македонија
Ново софтверско решение за 29 државни институции
Ново софтверско решение ќе треба да го замени работењето на актуелното, кое е изработено уште во 1993 година и се користи од страна на 29 државни институции.
По тој повод, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска во среда одржа работен состанок со директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Васe Доневски. Тема на состанокот беше статусот на имплементација на новото и модерно софтверско решение за интегрирано планирање на ресурсите на државните органи, имено буџетско, финансиско и благајничко работење, основни средства, материјално и магацинско работење и следење на реализацијата на договори, чија имплементација ја координира Министерството. Новото софтверско решение има интуитивен и интегриран интерфејс и обезбедува целосна автоматизација на бизнис процесите, подобрување на оперативната ефикасност и генерирање на извештаи за потребите на раководството, а има капацитет да го поддржи работењето на 50 државни институции. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

