Македонија
Здравствената состојба на Јанева е добра, ќе присуствува на седницата во Собрание
Здравствената состојба на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е добра и таа ќе присуствува на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, информираат од Специјалното јавно обвинителство.
По два дена одговарање на прашањата на пратенциите, во четвртокот вечерта на Јанева и се слоши и таа ја напушти седницата. Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев ја презакажа седницата за денеска, но пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Муковски кој во тој момент беше на говорницата и поставуваше прашања, не сакаше да престане со поставувањето на прашањата, но Јанева сепак ја напушти седницата. Мукоски незадоволно коментираше дека има право да и постави прашања на Јанева и дека цел ден чекал да и ги постави.Сепак седницата беше презакажана, а Јанева откако ја напушти седницата од СЈО испратија соопштение дека им се извинува на пратениците што не одговорила на нивните прашања и дека нејзината здравствената состојба е под лекарски надзор.Денешната расправа на Комисијата е закажана за 13 часот. Јанева два дена одговара на прашањата на пратениците. Најмногу прашања за нејзе имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во неколку наврати изјавија дека не се задоволни од нејзината работа и ги доведоа во прашање нејзините капацитети за извршување на оваа функција./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

