Забава
Британците бараат кинески имиња за своите најпознати атракции
Туристичката заедница на Лондон се обидува да пронајдени кинески имиња за најпознатите туристички атракции во британската престолнина, а предлозите ги побараат на популарната кинеска социјална мрежа Weibo.
Така, Биг Бен би требало да се вика „Да Бен Жонг“, Шекспир „Ша Венг“, а Бакингемската палата „Баи Џин Хан Гонг“.
Вкупно 101 лондонска атракција ќе добие кинеско име кога ќе заврши кампањата којашто трае до февруари со поддршка на британското министерство за внатрешни работи.
Напорите на лондонската туристичка заедница да се прилагодат имињата на познатите објекти на кинеските туристи, јасно зборува колку важност му се придава на посетите на туристите од најмногубројната нација и прва економска сила во светот.
На листата со атракциите кои уште немаа кинески имиња се и некои британски сепцифиности и кулинарски специјалитети, па така се бара име за чудовиштето од Лох Нес, за шкотското јадење хагис (слично на прилепскиот ширден) или сирењето стилтон.
„Нашата цел е цела Кина да зборува за Британија“, изјави извршната директорка на VisitBritain./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Протекоа детали за разводот на Пеп Гвардиола и Кристина: „Тој го стави фудбалот пред бракот“
Откако неодамна беше објавена веста дека Пеп Гвардиола (53) и Кристина Сера (52) се разделиле по повеќе од 30 години, во странските медиуми почнаа да излегуваат детали од нивниот развод. Дејли Мејл пишува дека тренерот на Манчестер Сити „го ставил фудбалот пред брак“.
Кристина, која се врати во Барселона од Манчестер во 2019 година за да се фокусира на своите деловни интереси, наводно решила да го прекине бракот откако дознала дека Пеп не планира да ја напушти Британија и дека ќе остане на сегашната работа. Имено, Пеп на крајот на ноември минатата година потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити. Потоа рече дека не може да го напушти клубот.
Кристина редовно го посетувала сопругот во Британија, но минатата година наводно престанала да доаѓа толку често.
„Минатиот септември, професионалниот круг на Пеп во Манчестер беше изненаден што не ја виде Кристина во градот по летните одмори и почна да се прашува зошто таа не е со него. Дотогаш беше нормално да ја гледаме во Манчестер од време на време и покрај фактот што престана да живее таму во 2019 година“, рече Лорена Васкез, една од водителките на подкаст, која првично ја објави веста за разводот.
„Една од работите за кои Кристина го обвини Пеп е тоа што тој беше премногу фокусиран на неговиот професионален живот. Можеби таа почувствува потреба да го пресели својот живот на друго место“, додала Лорена.
Нејзината колешка Лаура Фа тврди дека Кристина решила да раскине „Сите луѓе со кои разговаравме велат дека Пеп е опседнат со фудбалот и дека тоа е пред се и тоа го чинеше“. „Разговаравме не само со пријателите, туку и со професионалниот круг на Пеп и она што тие сакаат да го разјаснат е дека се работи за пријателска разделба, дека е внимателно разгледана без аргументи и дека нема трети лица“, додаде таа.
Забава
Камерон Дијаз по пет години се појави на црвениот тепих
Камерон Дијаз ги привлече погледите на премиерата на Back in Action на Нетфликс во Берлин.
Тоа беше прво појавување на црвениот тепих на 52-годишната актерка во последните пет години.
Таа за оваа пригода облекла црни фармерки со висок струк, црна блуза и црн капут. Камерон носеше впечатлив црвен кармин со нејзиниот црн аутфит.
Таа позираше на црвениот тепих со нејзиниот колега Џејми Фокс.
Странските медиуми пишуваат дека актерката за прв пат се прошета на црвениот тепих по пет години, а повеќе од 10 години откако присуствуваше на премиера на нејзин филм.
Забава
Џастин Балдони ги тужеше Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, бара 400 милиони долари како компензација
Џастин Балдони ги тужеше Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс во четвртокот, тврдејќи дека холивудската двојка го присвоила неговиот филм It Ends With Us и се обиделе да го уништат со лажни наводи за сексуално вознемирување.
Во тужбата од 179 страници, Балдони и неговите ПР експерти ги обвинуваат Лајвли и Рејнолдс за уцена, клевета и нарушување на приватноста. Во тужбата се бара отштета од најмалку 400 милиони долари, пишува Variety.
Оваа тужба е најновиот удар во отворениот конфликт меѓу главните ѕвезди на It Ends With Us, бидејќи секоја страна се обидува да ја придобие јавноста.
„Во суштина, ова не е случај за славни личности кои се расправаат во медиумите. Ова е случај за тоа како две од најмоќните ѕвезди во светот го искористија своето огромно влијание за да украдат цел филм од рацете на неговиот режисер и продукциска куќа. Кога тужителите ќе ја добијат својата шанса на суд, поротата ќе разбере дека дури и најмоќната славна личност не може да ја прилагоди вистината според сопствената волја“, се вели во тужбата на Балдони.
„Оваа тужба е правна постапка заснована на голем број необработени докази кои детално го прикажуваат дволичниот обид на Блејк Лајвли и нејзиниот тим да го уништат Џастин Балдони, неговиот тим и нивните компании со ширење грубо изменети, непроверени, нови и фабрикувани информации во медиумите“, рече неговиот адвокат Брајан Фридман во четвртокот.
„Јасно е, врз основа на нашата целосна подготвеност да ги обезбедиме сите целосни пораки, мејлови, видеа и други документирани докази кои беа споделени меѓу страните во реално време, дека ова е битка која таа нема да ја добие и сигурно ќе зажали“, додаде тој.
Патем, Лајвли поднесе сопствена тужба против Балдони, продуцентот Џејми Хит и ПР професионалците Мелиса Нејтан и Џенифер Абел на 31 декември, десет дена откако таа ја поднесе својата прва жалба против нив до Одделот за граѓански права во Калифорнија.