Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Потреба од сеопфатна стратегија за создавање подобри услови за мигрантите во земјите соседи на Сирија и Ирак

Објавено пред

Потребно е да имаме една сеопфатна стратегија во која ќе биде вклучено создавање подобри услови за мигрантите во земјите кои се непосредни соседи на Сирија и Ирак, односно Турција, Либан и Јордан, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски во интервју за Гласот на Америка, по Конференцијата во Вашингтон посветена на мигрантската криза.

dobivaj vesti na viber

Договорот меѓу Европската унија и Турција, додаде министерот, е значаен чекор, а деновите по неговото постигнување покажуваат дека приливот од мигранти се намали. Министерот Јолевски потенцира дека, сепак, станува збор за глобална мигрантска криза којашто ги надмина сите можни предвидувања во однос на нејзината големина.

На прашањето за тоа колку средства се трошат од буџетот на Министерството, односно Армијата, министерот истакна дека доколку трошоците се одржат на моментално ниво, до крајот на годината само за трошоци за војниците ќе бидат потрошени околу 8 отсто од буџетот, за што подвлече дека е голем издаток за Министерството.

Во интервјуто, Јолевски вели и дека фактот дека голем број мигранти се само на неколку стотина метри од границата, создава тензии меѓу нив, што, пак, стимулира одредени чекори од нивна страна кои не се добри за сите.

„Одредени невладини организации на некој начин ги стимулираа мигрантите да ги направат овие чекори коишто не се добри ниту за нив, за нивниот имиџ, но не се добри ниту за Македонија и Грција на чијашто граница и се“, додаде министерот Јолевски./крај/мф/бс

Извор: VOA

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија2 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија4 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија6 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија7 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет8 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет8 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија8 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет8 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет8 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет8 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија19 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија20 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија20 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет23 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија1 ден

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија1 ден

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...