Македонија
ДЗЛП и забрани на ДИК да обезбедува електронски пристап до Избирачкиот список

Дирекцијата за заштита на личните податоци(ДЗЛП) и забрани на Државната Изборна Комисија(ДИК) да обезбедува електронски пристап до личните податоците во Избирачкиот список објавен на веб страната https://izbirackispisok.gov.mk/.
Во привременото решение е утврдено дека објавувањето и електронскиот пристап до личните податоци во Избирачкиот список преку веб страната на Државната изборна комисија од страна на неодреден број лица не е правично и во согласност со закон и е извршено на начин што не е во согласност со конкретна и јасна законски утврдена целВо другото привремено решение ѝ се забранува на Државната изборна комисија да објавува на својата веб страна лични податоци на физички лица (име и презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место) содржани во Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки, бидејќи Државната изборна комисија нема правен основ да врши обработка преку објавување на лични податоци на физички лица, кои ќе бидат утврдени како неконзистентни записи и ќе бидат предмет на теренски проверки. „Имено, објавувањето и овозможувањето на електронски пристап на Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки кој содржи 89 384 записи со лични податоци на физички лица каде што пристап и можност за преземање имаат неодреден број лица, не е правично и не е во согласност со Изборниот законик и Законот за заштита на личните податоци“, се вели во соопштението. Привремените решенија се издадени со цел да се спречи понатамошна повреда на правата на субјектите на лични податоци и нанесување на евентуални штетни последици до донесувањето на решенијата.Пред иницирањето на вонредните надзори, Дирекцијата за заштита на личните податоци во повеќе наврати одржа состаноци со Државната изборна комисија и достави мислење и укажување во врска со објавувањето на лични податоци од Избирачкиот список на веб страната на Државната изборна комисија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација
Македонија
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка.
„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, се вели во објавата на Села.
Таравари претходно вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, тој изјави: „Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“ – Арбен Таравари
Алијансата за Албанците на Таравари одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.