Македонија
Попладне прекин на сообраќајот кај село Врбјани

Сообраќајот на сите патни правци низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Поради изведување работи на пат (минирање), во четврток, во периодот од 13 до 15 часот во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани ќе биде во прекин 15 – 20 минути.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. крај/амсм
Извор: amsm
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повредените со изгореници да не веруваат на мелеми на социјалните мрежи, преврските прват в болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирале дека во болницата во Кочани ума услови за лекување на повредените пациенти, посебно на оние со изгореници од прв и втор степен но недостасува кадар, па затоа тим од Скопје ќе биде на располагање во Кочани. Директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, повика повредените пациенти на преврски да одат во кочанската болница.
„Наша цел е пациентите со помал степен на изгореници да ги префрлиме, да не доаѓаат на два – три дена во Скопје туку да може таму да доаѓаат на преврски. Во моментот пациентите од првиот и вториот пик се релативно стабилни и добри, без некои големи инфекции. Оние што се кај нас можам да кажам дека се веќе и целосно зараснати, зборувам за оние кои имаа изгореници од втор степен“, рече директорката Ѓоргиевска-Павловска.
Таа апелираше повредените да не веруваат на се што ќе им излезе на социјалните мрежи во врска со лекувањето на изгорениците.
„Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се, дали се стерилни или не. Апелирам, преврските да ги прават со тимот лекари кои ќе дојдат во Кочани во стерилни услови за да можеме инфекциите да ги сведеме на минимум“, апелираше директорката Ѓоргиевска-Павловска.
Во лекувањето изгореници, директорката предупреди дека инфекции може да се појават во секоја фаза од зараснувањето поради што можат да се внимава на стерилни лекови и стерилни услови за преврски.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Времето до крајот на денот, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.
Најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите подрачја процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 л/м2) појава на грмежи и силен ветер.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, поинтензивен во текот на ноќта.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со грмежи и засилен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија

Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, нелогично е што СДС и ДУИ сега како што велат, се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ.
„Воедно како СДС и ДУИ немаше желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче.
Ние сме да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да пробуваат да печалат политички поени“, подвлекуваат од владејачката партија.