Македонија
СДСМ се враќа во Собранието за исполнување на договореното
Во петок во Собранието треба да се усвојат измените во Изборниот законик што се однесуваат на прочистување на Избирачкиот список, како што пред два дена се договорија претставниците на политичките партии, потписнички на договорот од Пржино, за излез од политичката криза, што значи дека пратениците на опозициската СДСМ треба прекинат со бојкот на работата на Собранието и да седнат на пратеничките столчиња.
Сепак, таква седница, утрово, се уште не е закажана и на веб порталот на Собранието нема најава за седница. Пратениците на опозициската СДСМ го бојкотираат Собранието откако не беше прифатен нивниот рок до кога требаше Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.Според новиот политички договор, со амин на амбасадорот на САД, Џес Бејли, предвидува до 31 август да се исполнат неколку услови за одржување фер и кредибилни избори на крајот на годината, односно како можен термин е наведен 11 декември. Условите се однесуваат на прочистувањето на Избирачкиот список, на работата на медиумите, работата на Министерството за внатрешни работи и на Специјалното јавно обвинителство.За прочистување на Избирачкиот список договорено е 171.500 лица за кои се претпоставува дека се наоѓаат во странство, да бидат ставени на дополнителен список и треба да се направи нова проверка за околу 40.000 лица. За ова неопходни се измени во Изборниот законик, а рокот е денеска.Доколку се исполнат сите услови од договорот, на 31 август лидерите на четирите партии треба да се сретнат и да одлучат дали се исполнети договорените обврски и да го одредат датумот за предвремените парламентарни избори./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

