Македонија
Прво вкрстена проверка на податоците, потоа ДИК ќе постапува по жалбите

Вкрстена проверка на податоците најпрво ќе спроведе Државната изборна комисија, а потоа ќе донесе одлука дали и како ќе се постапува по најспорните пријави на граѓаните за неправилности во избирачкиот список
На седницата во петок вечер, ДИК одлучи за основаноста на стотиците пријави, кои се однесуваат на лицата со престој во странство, лицата кои немаат живеалиште во Македонија и лицата кои ги има на повеќе адреси, да се расправаоткако ќе заврши вкрстената проверка на податоците од институциите, која пак се најавува за понеделник.
„Иако лицето е на времена работа подолго од три месеци или една година, тоа пак има право да биде запишано во избирачкиот список и таквите лица се обележани со ѕвездичка“, рече Атанас Урумов, член на ДИК.
Починатите лица кои ги има во избирачкиот список, ДИК ќе ги проверува во Управата за водење матични книги, а оние за одземена деловна способност во основните судови низ државата. Ќе се проверува и дали има малолетни лица или лица кои не се државјани на Македонија запишани во списокот.
Во ДИК пристигнале и четири барања од лица кои од безбедносни причини побарале нивните адреси да бидат избришани од списокот достапен на интернет, можност што од ДИК ја најавија при претставувањето на интернет изданието на избирачкиот список./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.