Контакт

Македонија

Неоснован Предлогот за импичмент на Иванов

Објавено пред

Со шест гласа „за“ и четири „против“, Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот, во понеделник оцени дека предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата, не е основан.
 

dobivaj vesti na viber

За таквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО­ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ. Без разлика на тоа, иницијативата за импичмент ќе биде разгледана на собраниска седница што треба да се одржи на 13-ти јуни.На расправата во понеделник пратеничката Рената Дескоска, член на Комисијата за импичмент на Иванов, извештај кој бил воден во таква процедура со апсолутно мнозинство на владејачката партија, не може да биде ништо поголем од тие пет страници, колкав што е изготвениот Извештај. Побара во заклучокот да биде ставен ставот дека иницијативата за одговорност е основана и дека претседателот Иванов го прекршил Законот за помилување и Уставот, како и Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност.„Со одбивањето на мнозинството во Комисијата да се покани Иванов на седница стана беспредметно и други сведоци да се викааат. Не ви требаат визии од гатачки за да донесете заклучок дека Иванов ги прекршил Уставот и Законот за помилување. Треба само да ги погледнете членовите од Уставот. Затоа ние предлагаме во рамките на заклучокот да се стави дека Иницијативата е основана и бараме Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност“, рече Дескоска.Во процедурална забелешка Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ порача дека извештајот е сублимат на сѐ што се дискутирало  во изминатите денови за постапката за импичмент и додаде дека поднесокот од опозицијата бил доставен на две и пол страници.„Врз основа на сите дискусии што ги имавме како пратеници во Комисијата е направен овој извештај како сублимат и на крајот треба да биде ставен заклучокот. Не знам колку страници треба да биде извештајот, но како што видов внатре е опфатено сѐ она што го дискутиравме изминатите денови“, рече Мукоски, нагласувајќи дека извештајот е преголем за поднесокот кој е со таква големина и неаргументираност, и од законска и од уставна рамка.Тренеска Дескоска рече дека претседателот Иванов не доставил писмено изјаснување за наодите од предлогот за покренување постапка за утврдување на негова одговорност. Додаде дека тој, како и секој граѓанин, може да го користи правото да не даде исказ, но потенцира дека за разлика од кривичната постапка во која молчењето не се користи против лицето, во постaпката за импичмент важи спротивното правило, односно дека треба да биде транспарентен и да ги даде потребните одговори и појаснување.„Секој претседател кој има аргументи на своја страна би дошол и би ги кажал своите аргументи. Очигледно молчењето на Ѓорге Иванов значи одобрување на нашата иницијатива и немање на аргументи“, рече Тренеска Дескоска. Освен опозициската СДСМ и владејачката албанска партија ДУИ смета дека иницијативата за одговорност на Иванов е оправдана.Членот на Комисијата, пратеникот Талат Џафери рече дека помилувањето е донесено во сомнителна постапка и се коси со законсите одредби. Според него, несоодветно и неарументирано е што Иванов донесувајќи ја одлуката посочи дека се водел од интересот на државата и нејзината безбедност, во контекст на мигрантската криза, затоа што кога Иванов ја донел одлуката веќе бил склучен Договорот за надминување на мигрантската криза со пактот ЕУ – Турција.„Иванов користи одлука на Уставен суд чии судии се поделени . Уставниот суд влегува во работата на законодавството. Оттука цениме дела одлуката на Уставен со која создаваат услови за помилување не држи. Одлуката придонесе да се продлабочи кризата“, рече Џафери.Потенцира дека одлуката на Иванов придонела за продлабочувањето на кризата во земјава поради што, како што рече, треба да се дебатира за неговата одговорност.„Фактот што Иванов ја искористи законската можност што му се даде за да ја повлече одлуката говори за неговата одговорност и неговото освестување дека е одговорен за создадената ситуација. Тоа е аргумент плус за да ја поддржиме иницијативата за покренување на политичка одговорност“, рече Џафери.Во 14 часот, продолжи рапсравата по која треба да се гласа за Извештајот./крај/мф/бб

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопштуваат од Авто-мото Сојуз на Македонија. Дополнуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Појава на магла и намалена видливост до 100 метри има на планинските премини Ѓавато и Стража.

dobivaj vesti na viber

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.

-Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.

Потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сезонски режим на сообраќај има на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде што од од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски вели дека Безбеден град не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

Објавено пред

Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Фејсбук објава, информирајќи дека денеска бил на терен, на локација, каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот „Безбеден град“.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.

Во првата фаза, додава Тошковски, камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, вели министерот, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.

-Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи, нагласи Тошковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од ноќеска обилни дождови

Објавено пред

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

dobivaj vesti na viber

– Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопштија од УХМР.

За во Скопје, најавено е утре, почнувајќи од утринските часови, да има повремени врнежи од дожд, што попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни. Се очекува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија3 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија4 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија4 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија17 часа

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија18 часа

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет19 часа

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ21 час

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет21 час

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија1 ден

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет1 ден

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион1 ден

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија1 ден

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа2 дена

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија2 дена

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ2 дена

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија2 дена

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија2 дена

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...