Македонија
Вработени 10 жени Ромки преку проектот на МЦЖП Шелтер центар

Десет жени Ромки се вработија со помош на проектот „Поддршка за инклузија на жените Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на труд“, во организација на Македонски центар за женски права Шелтер центар.
Оваа бројка е половина од вкупно 20-те жени од маргинализираната заедница Скопје, кои се дел од проектот.„Нашата цел да и помогнеме на оваа категорија жени успешно се остварува и во другите два града каде проектот се спроведува: Куманово и Битола. Задоволството е огромно кога некому му помагаш да најде излез во животот, и пресреќна сум што резултатите се видливи: жените се интегрираат на пазарот на труд“, вели Даниела Дабеска, директор на МЦЖП Шелтер центар. За само неколку месеци, почнувајќи од април, дел од оваа маргинализирана група веќе се вработи, а останатиот дел одлучија да се надоградуваат преку бесплатни курсеви за компјутери и англиски јазик, овозможени во соработка со Агенцијата за вработување.Триесет и четиригодишната Ѓулатман Беќир вели оти е пресреќна што е меѓу 20 жени кои успеаја да си најдат место под сонцето на пазарот на труд.„Не треба откажување, подобрите денови не доаѓаат веднаш, но мора да се работи. Мора нашите сопрузи, браќа, татковци да разберат дека и нас ни е потребно да заработуваме, не само заради егзистенција, ами и заради социјализација. Седењето дома не убива“, вели таа.За нејзиниот живот да добие смисла, како што вели таа, на проектниот тим му помогнаа неколку компании, кои без да бараат надомест едноставно се сложија да помогнат и да вработат дел од жените. Успешните приказни, вчера, проектот ги заокружи со доделување на благодарници за компаниите SECURICOM, SEAVUS комјутери, и бутикот ZARA. „Секоја жена заслужува шанса во животот. Иако жените сме соочени со разни предизвици, особено Ромките, заради традиционалниот начин на живеење, сепак треба да се избориме со предрасудите и да се трудиме парче леб да заработиме сами, без да чекаме од друг“, рече Катерина Поповска, менаџер за човечки ресурси во SECURICOM.За овие жени најголемо задоволство е што полека успеваат да ги разбијат бариерите, некои и самите си ги поставиле чувствувајќи се дискриминирани и неконкуретни на пазарот на труд. Важно е да им се даде ветер во грб.„Не е срамота да не знаете да работите со компјутер, има многу луѓе кои завршиле и курсеви и имаат дипломи, па се сигурни во знаењето, а кога ќе дојдат на нашите часови се покажува токму спротивното. Добро е да се надгадувате, а ние сакаме да ви помогнеме со бесплатни часови“, им порача на Ромките во Скопје Весна Иваноска од SEAVUS комјутери.Инаку проектот е финансиран Европска Унија и е во партнерство со ромска организација ДРОМ од Куманово и со Агенцијата за вработување на Македонија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – најнов пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.