Контакт

Македонија

Испратен предметот за Талески, Апелација ќе одлучува за притворот

Објавено пред

Основниот суд Скопје 1 во среда конечно го пратил предметот „Транспортер“ до Апелациониот суд, којшто треба да одлучува по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е провоосомничен во овој случај, потврдуваат од Судот за Макфакс.

dobivaj vesti na viber

Од Апелациониот суд ни изјавија дека предметот до овој момент не е стигнат, но дека имаат информации дека во текот на денот треба да биде доставен.Според информациите од таму, предметот ќе биде испратен до Специјалното јавно обвинителство кое треба да се изјасни за жалбата на одбраната, а потоа да се одлучува, но не прецизираат до кога треба да се изјасни судот.Талески од понеделникот е во куќен притвор, иако решението за притвор беше донесено уште од четвртокот. Решението од Скопје до СВР Битола стигна дури во понеделникот, а потоа два дена требаше за да стигне до Судот со потпис од градоначалникот дека го примил.Градоначалникот на Битола е еден од осомничените за случајот „Транспоретер“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство и се товари за малверзации со превозот на учениците. СЈО бараше притвор за Талески но судија му одреди мерки на претпазливост односно одземање на пасшот, но Кривичниот совет на судот ја преиначи одлуката и му определи куќен притвор во траење од 30 дена./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Од 1 јули летен времен режим за движење на товарни возила при екстремно високи температури

Објавено пред

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

„Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот“.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Прикажи повеќе...

Македонија

Временска најава: утре пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Од

Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

УХРМ препорачува во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните.

Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР: Конзулатот во Солун е во комуникација со семејството на починатото момче за транспорт на телото

Објавено пред

Од

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и трговија, по веста за смртта на 19-годишното момче на плажа во Ханиоти.

dobivaj vesti na viber

„Ве информираме дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДУИ за Предлог-законот за правична застапеност: Институционална измама

Демократската унија за интеграција загрижена поради усвојувањето на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност од страна на Владата, закон кој,...

Свет2 часа

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија2 часа

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија2 часа

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија3 часа

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...

Свет4 часа

Белата куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја отфрли хипотезата дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади. Доналд...

Регион17 часа

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија22 часа

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија23 часа

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија24 часа

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет1 ден

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет1 ден

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет1 ден

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија1 ден

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија1 ден

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...

Македонија1 ден

Во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за убиството на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај...

Свет2 дена

Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не...