Контакт

Македонија

Се преиспитуваат ризиците за „Ровер“ од предвременото пуштање на Бошкоски

Објавено пред

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски ги преиспитува околностите за судењето за случајот „Ровер“ во кој е обвинет лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен Министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, како и можните ризици врз постапката од предвременото пуштање на Бошкоски на слобода.

dobivaj vesti na viber

„Поради водење на друга кривична постапка именувана како “Ровер” во која еден од обвинетите е осуденото лице Љубе Бошкоски и е закажано рочиште на 8 април 2016 година, се разгледува можноста за предвремено отпуштање на осуденото лице. Имено, согласно член 206 од Законот за извршување на санкциите, експлицитно е наведено дека осуденото лице може да се отпушти пред истекот на казната затвор, и тоа до 90 дена за казна затвор до пет години. Горенаведената законска одредба предвидува можност за отпуштање на осудено лице пред истекот на казната затвор и тоа не од три месеци, туку до три месеци, поради што неточни се наводите дека трите месеци му следуваат на осуденото лице Љубе Бошкоски како право. Користењето на предвидената законска можност се преиспитува за секој случај поединечно, имајќи ги во вид останатите околности за личноста и кривичната постапка која е во тек, како и можните ризиците во однос на текот од оваа постапка“, се вели во соопштението од Пејковски.Тој во соопштение за јавноста ги отфрла наводите за политичка вмешаност и вршење на притисок  да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.Во соопштение, Пејковски исто така, ги отфрла наводите за политичка вмешаност и вршење на притисок да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.Приврзаниците на Бошкоски во понеделник протестираа пред затворот и побараа Бошкоски да биде ослободен во вторник, бидејќи ги исполнува сите услови и обвинија дека власта му врши притисок на Пејковски да не го ослободи Бошкоски до предвремените избори на 5-ти јуни, односно да го ослободи еден ден потоа, кога на Бошкоски му истекува казната./крај/мф/ффс

Македонија

Герасимовски: 100 семејства добија 7.000 денари парична помош за новороденчиња, го поддржуваме родителството

Објавено пред

Во Паркот на Франкофонијата, Општина Центар денеска додели еднократна парична помош од 7.000 денари на 100 семејства со новороденчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски лично им ги врачи решенијата на родителите, со што уште еднаш ја потврди заложбата на општината да биде активен партнер во поддршката на родителството уште од самиот почеток.

dobivaj vesti na viber

„Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да ви подадеме рака, да ве охрабриме и да ве потсетиме дека не сте сами на овој пат. Грижата за децата не е само семејна одговорност – тоа е наша заедничка мисија. Како локална самоуправа, знаеме дека секој ден со дете е предизвик, но и благослов. Затоа, редовно, секоја година доделуваме еднократна помош од 7.000 денари за да ви го олесниме почетокот, барем малку. Денеска добиваме 100 нови причини да се бориме за подобро, побезбедно и похумано секојдневие. Овој парк денес е полн со детска енергија, насмевки и надеж. И тоа е сликата што ја сакаме за Центар – место за живот, љубов и иднина“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Еднократната помош е дел од редовната поддршка што Општина Центар ја доделува на новите родители, во рамки на проектот за првична финансиска и морална поддршка на семејствата со новороденчиња.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски во работна посета на Јапонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во наредните денови ќе престојува во работна посета на Јапонија.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото одбележување на Националниот ден на Република Северна Македонија на Осака ЕКСПО 2025, каде што земјата учествува со свој павилјон, промовирајќи ги културните, туристичките и економските потенцијали на овој значаен меѓународен настан, кој се одржува од 13 април до 13 октомври 2025 година во Осака, извести Министерството за надворешни работи.

Покрај учеството на ЕКСПО, министерот ќе оствари работни средби со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, со претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), Сусуму Катаока, како и со заменик-претседателот на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), Шохеи Хара.

На средбите ќе се разговара за унапредување на билатералната соработка, со фокус на економските и трговските односи, размена на искуства во областа на развојната помош, како и актуелни регионални и глобални предизвици, додаваат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Објавено пред

Од

Петседателката на Комисијата за спречување корупција, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“ во кој и таа е осомничена за оддавање службена тајна, и е семеен пријател. Вели дека разговорите не биле поврзани со случајот.

dobivaj vesti na viber

„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена.

Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација“, вели Димитровска.

Таа вели дека комуникацијата е направена без никаква намера да влијае на постапката и истрагата.

„За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава таа.

Димитровска се сомничи дека преку апликациите за пораки „Вибер“ и „Воцап“ му одавала службени тајни на друг обвинет за поведени постапки за отворање предмети и одлуки против сега обвинетите фирми и лица во предметот „Адитив“, како и податоци за проверка на имот и на неговото семејство.

Судот и го одзеде пасошот и определи и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело, што подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување корупција, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“ во кој и таа...

Топ2 часа

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија3 часа

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија3 часа

„Дали криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија3 часа

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија3 часа

„Влен“: По 22 години измама, носиме канализација во Зајас на Али Ахмети

„Кичево, градот што беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет5 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа15 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија16 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија17 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија17 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија19 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија20 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија20 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија22 часа

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија23 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија23 часа

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија1 ден

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија1 ден

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...