Македонија
Отворен седмиот меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2016
Манифестацијата RoboMac прерасна во омилена интернационална традиција на Факултетот за електротехника и информациски технологии, чија популарност сѐ повеќе се зголемува, порача во понеделник Ања Несторова од Студентскиот Парламент при ФЕИТ, на отворањето на седмиот меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2016”.
„Со гордост потенцирам дека од сите настани што ги организира Студентскиот парламент во текот на годината (Месец на претприемништво, Контакт, Летните семинари и тренинзи), RoboMac е настан со најголема традиција. Повеќе не е обичен настан од областа на роботиката и вештачката интелигенција, туку омилена интернационална традиција на Факултетот. Популарноста на RoboMac се повеќе и повеќе расте“, рече Несторова во обраќањето пред многубројната публика.Според продеканот за финансии, професор Димитар Ташковски, студентите кои дипломирале и магистрирале на ФЕИТ се признати и ценети во својата работна околина.„Дека и сегашните студенти се навистина добри и квалитетни, доказ е денешниот настан RoboMac, кој полека преминува во своевиден бренд во нашата држава. И повторно, за тоа секако, најзаслужни се студентите од студентскиот огранок на македонската секција на Институтот за инженери од електротехника и електроника (IEEE) и Студентскиот парламент на ФЕИТ“, рече Ташковски.За претседателот на студентскиот огранок на македонската секција на Институтот за инженери од електротехника и електроника (IEEE), Георги Костов, RoboMac е настан кој ќе ги поттикне и поддржи студентите да постигнат многу повеќе од она што некогаш помислиле дека е возможно.„Со текот на годините, утврдивме дека е потребно да ги задоволиме амбициите на помладите и на повозрасните учесници. Затоа, категориите ги поделивме на две нивоа, со што во првото ниво се веќе постоечките: sumo, race и humanoid, а во напредно ниво се sphero, artificial intelligence и quadcopter“, рече Костов.Финалето на меѓународниот натпревар ќе се одржи на 12 март 2016 (сабота) во Домот на АРМ со почеток во 18 часот. На овогодинешниот натпревар учествуваат 65 учесници од Македонија и 15 натпреварувачи од странство. RoboMac 2016 вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања. /крај/со/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб
Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори.
Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, ВЛЕН – 4.100, ГРОМ – 109.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 во изјава за медиумите говорејќи за претседателските избори рече дека Гордана Силјановска Давкова има убедливо водство пред Стево Пендаровски.
Според партиските бројки, од избројани 12.54 осто од избирачките места, Сиљановска-Давкова има освоено 126.678 гласови, додека пак кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 51.965 гласови.
Македонија
Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити
Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната прес-конференција кажа дека ВЛЕН е апсолутен победник во албанскиот кампус.
„Ви благодариме на трпението и отпорот на сите закани. Како што предупредувавме во текот на кампањата, денеска изборниот процес беше се, само не демократски. За жал државните институции кои имаат задача да го гарантираат процесот, денеска повторно се ставија во служба на ДУИ. Се е документирано и во текот на наредните денови ќе ги информираме претставниците на амбасадите, набљудувачките мисии за сите овие настани и другите релевантни инститиции во земјата и странство. За насилството врз гласачкото право ќе се одговоара“, кажа Меџити.
Тој се осврна и за бојкотот на изборите од страна на ДУИ.
„Денеска драги Албанци, партијата којашто владееше со институциите 22 години го покажа своето вистинско лице, маските на крај паднаа. Со бојкото ДУИ за жал се обиде да го врати политичкото организирање на Албанците во Македонија на предполитичко ниво. Партијата која излезе под името Европски фронт го бојкотираше изборниот процес, примитивен и недемократски чин, чин спротивен на секој европски и демократски принцип, чин кој создава горчлива слика за Албанците во светот“, рече Меџити.
Тој јавно го праша Бујар Османи како ќе го оправда бојкотот на изборите и примитивното однесување на денот на изборите утре пред меѓународните партнери.
„Од утре Македонија се подготвува за политичка ротација. Новата влада ќе ја одразува мнозинството на албански гласачи. Со денешниот ден Али Ахмети ја запечати својата конечна изолација од сите релевантни општествени и политички чинители и фактори во државата и меѓународните фактори. Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник. Заедно со Артан Груби и неговите пријатели кои во оваа кампања демонстрираа само ароганција и насилство, од денеска ќе заврши во политичка изолација од коалициските партнери од опозициските партии од странските амбасадори, од меѓународната заедница, од невладините организации“, кажа Меџити.
Македонија
На избирачко место во Гази Баба ќе се гласа до 21 часот вечерва, гласањето продолжено на вкупно четири гласачки места во земјава
Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната изборна комисија (ДИК) го продолжи гласањето и по 19 часот на вкупно четири избирачки места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека гласањето е најмногу продолжено на едно избирачки место во Гази Баба.
„Продолжување на гласањето ќе има во следните места: Зелениково, избирачко место 2376 до 20.20 часот, Гази Баба избирачко место 2544 до 21 часот, Центар, избирачко место 2796 до 20.35 часот и Кочани избирачко место 838/1 до 20.30 часот. Две или три од овие места се оние кои утрово имаа технички проблеми, така што нема многу избирачки места во кои ќе биде продолжено гласањето“, рече претседателот Даштевски.
Првичните неофицијални резултати од гласањето за претседател и за пратеници Даштевски најави дека ќе соопшти вечерва во 23.30 часот.