Македонија
Се преиспитуваат ризиците за „Ровер“ од предвременото пуштање на Бошкоски
Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски ги преиспитува околностите за судењето за случајот „Ровер“ во кој е обвинет лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен Министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, како и можните ризици врз постапката од предвременото пуштање на Бошкоски на слобода.
„Поради водење на друга кривична постапка именувана како “Ровер” во која еден од обвинетите е осуденото лице Љубе Бошкоски и е закажано рочиште на 8 април 2016 година, се разгледува можноста за предвремено отпуштање на осуденото лице. Имено, согласно член 206 од Законот за извршување на санкциите, експлицитно е наведено дека осуденото лице може да се отпушти пред истекот на казната затвор, и тоа до 90 дена за казна затвор до пет години. Горенаведената законска одредба предвидува можност за отпуштање на осудено лице пред истекот на казната затвор и тоа не од три месеци, туку до три месеци, поради што неточни се наводите дека трите месеци му следуваат на осуденото лице Љубе Бошкоски како право. Користењето на предвидената законска можност се преиспитува за секој случај поединечно, имајќи ги во вид останатите околности за личноста и кривичната постапка која е во тек, како и можните ризиците во однос на текот од оваа постапка“, се вели во соопштението од Пејковски.Тој во соопштение за јавноста ги отфрла наводите за политичка вмешаност и вршење на притисок да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.Во соопштение, Пејковски исто така, ги отфрла наводите за политичка вмешаност и вршење на притисок да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.Приврзаниците на Бошкоски во понеделник протестираа пред затворот и побараа Бошкоски да биде ослободен во вторник, бидејќи ги исполнува сите услови и обвинија дека власта му врши притисок на Пејковски да не го ослободи Бошкоски до предвремените избори на 5-ти јуни, односно да го ослободи еден ден потоа, кога на Бошкоски му истекува казната./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.