Македонија
Неделкова и Бејли за приоритет за законските измени за судството

Неопходно е продолжувањето на реформата, но притоа да се даде приоритет во однос на измената на одредени законски решенија со цел да обезбеди подобрување на ефикасноста и независноста на македонското судството, констатираа во четвртокот претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова и американскито амбасадор Џес Бејли.
За време на средбата во Врховниот суд беше разговарано за досегашните резултати од реформите на судскиот систем и притоа Неделкова изрази благодарност за досегашната соработка и помош преку повеќето проекти на Амбасадата на САД, кои кои се дадени во поддршка и развој на судството во Република Македонија. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Бетон и корупција го гушат Чаир, кој ќе сноси одговорност“, прашува ДУИ

„Наместо да ја префрла вината и да измислува оправдувања за своите неуспеси, градоначалникот на Општина Чаир треба да им даде одговори на граѓаните за урбаниот хаос и неконтролираното бетонирање што го уништува овој град. Нема воздух, нема простор за деца, нема место за движење, нема осветлување. Има само бетон и корупција“, велат од ДУИ.
„Секој агол на оваа општина е претворен во приватен пазар каде градежните дозволи не се издаваат за развој, туку за лични профити на мала група луѓе.
Ова е вистинското лице на лошото владеење што го уништува Чаир и секојдневниот живот на неговите жители.
Наместо да ги заштити граѓаните, општината ги тргува нивните интереси. Наместо да донесе паметни инвестиции и проекти што го подобруваат животот, таа дозволи масивни дивоградби што ја уништуваат оваа општина.
А денес, кога граѓаните бараат отчет, градоначалникот на општината се обидува да најде имагинарни непријатели за да ја скрие својата неспособност и корупција.
Кој ги гради овие монструозни згради без дозволи, без паркинг места, без минимална инфраструктура?
Кој го бетонира секој агол од Чаир, правејќи го градот неподнослив за неговите жители?
Кој носи одлуки во темница, претворајќи ги улиците и јавните простори во приватни имоти?
Оваа неспособна и корумпирана администрација го дозволи овој урбан масакр, фаворизирајќи мала група олигарси додека граѓаните ги трпат последиците на овој хаос.
Овие одлуки ги донесе токму оваа администрација, ова корумпирано владеење што ја гледа општината како отворен пазар за лични профити.
Чаир е во криза и граѓаните веќе не можат да ја поднесат оваа реалност.
Наместо зеленило, тие дишат прашина. Наместо средени улици, тие чекорат низ хаос.
Наместо жива општина, тие гледаат немилосрдно бетонирање што ги исклучува од сопствениот град.
Доста со оправдувања. Доста со лаги. Градоначалникот на Општина Чаир мора да даде отчет за оваа урбана катастрофа. Не може да продолжи да се крие зад празна реторика додека градот пропаѓа под тежината на корупцијата.
ДУИ ќе продолжи да го брани Чаир од оние што сакаат да го претворат во град без живот, без план, без иднина. Времето на молкот заврши. Сега е време за одговорност!“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.