Македонија
Списокот од МВР вратен на доработка, предвремените избори ќе чинат 7,5 милиони евра

Предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни ќе чинат 456.664 милиони денари или околу 7,5 милиони евра, пишува во финансискиот план кој Државната изборна комисија го усвои вчера.
Од оваа сума само за печатење на избирачките ливчиња и друг печатен материјал се планирани 40 милиони денари. За печати, перничиња, УВ ламби и спреј, сигурносни ленти и паравани буџетот изнесува 9,2 милиони денари, за транспорт 9 милиони денари, за печатење на избирачки список изнесува четири милиони денари, за транспорт на членови на избирачки одбори во ДКП за денот на гласањето изнесува 25 милиони денари, транспорт на доверлив и недоверлив материјал седум милиони денари…Членовите на ДИК не го прифатија избирачкиот список од Министерството за внатрешни работи, потпишан само од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков, затоа што не бил во потребниот формат за да може да се споредат податоците. МВР ќе треба дополнително да достави список во бараниот формат. Членовите на ДИК не го отворија прашањето за тоа што податоците од МВР не се верификувани и од министерот Оливер Спасовски.На седницата не присуствуваа Виолета Дума и Игор Милев, членови на ДИК предложени од СДСМ. Тие не присуствуваат на седниците затоа што сметаат дека не е извршено вистинско прочистување на избирачкиот список./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат делови од Центар и Карпош.
· Поради дефект на затварач од ф 80мм на ул. Владимир Полежановски бр.1, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останатдел корисниците од ул. Владимир Полежановски (општина Центар);
· Поради водоводен дефект од ф 80мм на ул. Дане Крапчев бр.21 во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останатдел корисниците од ул. Дебарца, Дане Крапчев,Славка Недиќ. (општина Центар);
· Поради водоводен приклучок на ф 100 мм на ул Женевска. бр, 35 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Женевска и ул. Бањалучка, од 09:30ч до завршување со работните обврски. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево

Утрото ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степенi.
Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.
Македонија
Сарај, Кисела Вода и Зелениково денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:30 до 11:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на с.Рашче на влезот и кај долната Џамија (Општина Сарај);
· Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.Ивам Хаџиниколов,во потегот од бр.11 до бр.33 (Општина Кисела Вода);
· Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Страхојадица, Ново Село, дел од с.Зелениково, Смесница, Пакошево (Општина Зелениково);
· Во периодот од 11:00 до 15:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел корисниците на с,Рашче кај школото и пат за с.Копаница (Општина Сарај).