Македонија
ЗНМ со осуда на нападот врз редакцијата на Радио Слободна Македонија
Здружението на новинарите на Македонија го осудува нападот на дел од демонстрантите врз редакцијата на Радиото Слободна Македонија во Скопје и бара од институциите веднаш да ги открие напаѓачите и најостро да ги казни.
„Секој напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани. Неказнувањето на насилството може да доведе до многу посериозни последици врз сигурноста и безбедноста на новинарите“, се вели во реакцијата на ЗНМ. ЗНМ го осудува и непримерното однесување на властите кон новинарите од соседните земји. „Несфатливо е што властите им забраниле влез во Македонија на тројца новинари од весникот „24 часа“ од Бугарија, а еден новинар од Телевизија Топ Ченел од Албанија бил задржан на информативен разговор во Скопје. Со вакви непромислени постапки властите создаваат негативна слика за Македонија во регионот. Ги повикуваме институциите да не ги попречуваат новинарските екипи во нивната работа и да не креираат недоверба во јавноста кон новинарската професија“, се вели во реакцијата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

