Забава
Пекарница се соочува со казна оти одбила да испече „геј“ торта

Една пекарница во Северна Ирска ќе заврши на суд откако одбила да испече торта со која се поддржува бракот меѓу хомосексуалците, потврди во вторник комисијата за еднаквост.
Пекарницата Ashers Baking Company која пред 20 години ја основаше семејството МекАртур, добила нарачка да испече торта на која ќе бидат Берт и Ерни од улицата Сезам, под мотото „поддржете ги геј браковите“ и логото на активистичката организација QueerSpace од Белфаст, пишува AFP.
„Таа нарачка беше спротивна на нашите убедување и уште повеќе на библиското учење“, се вели во соопштението што директорот на пекарницата Даниел МекАртур го објави на YouTube.
Тој додаде дека го повикале клиентот и го информирале дека не можат да ја извршат нарачката и дека трошокот е целосно рефундиран.
„Ако не се спротивставивме на тој случај, како ќе се спротивставевем на другите“, запраша МекАртур.
Пекарницата, како што вели МекАртур, и претходно одбивала нарачки за торти со порнографски слики и навредлив текст.
Северна Ирска е единствен дел од Обединетото Кралство каде што истополовите бракови не се легализирани. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Незгоден момент: девојката на Леонардо ди Каприо го скина фустанот на свадбата на Безос

Девојката на Леонардо ди Каприо (51), италијанската манекенка Виторија Серети (27), откри дека имала проблем со фустанот за време на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Черети носеше винтиџ фустан од Долче и Габана на забавата во саботата, но славењето очигледно било толку бурно што фустанот не издржал.
Манекенката сподели серија фотографии „како започна наспроти како оди“ на социјалните мрежи, покажувајќи како мал скинат дел се претворил во сериозно скинат фустан.
Денот пред големата забава, во петокот, ди Каприо и Серети присуствуваа на самата венчавка на островот Сан Џорџо Маџоре.
Моделот носеше елегантен црн фустан, а косата и беше собрана во уредна ниска пунџа, додека актерот, кој е во врска со Виторија од мај 2023 година, се одлучи за класичен црн смокинг и црна бејзбол капа.
Забава
Германскиот екс тенисер Борис Бекер го очекува своето петто дете

Борис Бекер (57) очекува дете со неговата девојка, Лилијан де Карваљо Монтеиро, која е 23 години помлада од него.
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил во форма на емотивно видео.
View this post on Instagram
Како што можете да видите, неговата сакана гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак веќе се забележува.
„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша тој во описот, а бројни корисници на интернет испратија честитки и позитивни реакции.
Во неодамнешно интервју за странски медиуми, Борис Бекер зборуваше за тоа колку ја обожава својата драга Лилијан.
„Се запознавме во време кога се чувствував многу лошо – професионално, ментално и физички. Се чувствував полошо отколку што некогаш сум се чувствувал во животот. И покрај тоа, Лилијан беше заинтересирана за мене“, рече тој, меѓу другото.
Борис Бекер има четири деца од претходни врски.
Забава
Шарлиз Терон пред публиката во Лос Анџелес: Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос

Шарлиз Терон не изгледаше импресионирана од венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна 50 милиони долари, во Венеција, на која учествуваа ѕвезди. На забавата организирана од нејзината фондација „Charlize Theron Africa Outreach Project“, таа се пошегува за „венчавката на векот“.
„Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос“, изјави актерката пред публиката на настан во Лос Анџелес.
„Но, тоа е во ред затоа што тие се без врска, а ние сме супер“, се пошегува Терон, според „Холивуд репортер“.
Добитничката на Оскар им се заблагодари на своите гости што „одвоиле време да бидат дел од настанот, особено кога се чувствува како светот да гори“.
Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа во петокот вечерта во Венеција.