Контакт

Македонија

Талески тема во дебата за импичментот на Иванов

Објавено пред

Уште седумдесетина пратеници се пријавени за дискусијата за импичментот на претседателот Ѓорге Иванов, на седницата која во понеделник продолжи во републичкото Собрание, а пратениците ги повторија ставовите во врска со одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција и за подоцнежното повлекување.

dobivaj vesti na viber

Понеделничката дебата повеќе се однесуваше на случајот со битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој од денеска е во куќен притвор.Пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ очекува одговори на прашањето ­ кога беше во право Иванов, кога ја донесе одлуката за аболиција, или кога ја повлече. Овие одлуки, според Ковачевски, придонеле освен политичка криза во земјата да имаме и уставна криза, но тоа ги обединило граѓаните кои протестираат по улиците повеќе од 60 дена.Тој зборуваѓше за лицата кои требаше да бидат аболирани, а се осврна на случајот „Транспортер“, прашувајќи дали, како што кажа, „криминалецот Владимир Талески треба да биде аболиран“. Според него, градоначалникот на Битола, Талески и секретарот на Општината ги делеле парите од транспортот на учениците. Освен за криминал, според него, битолскиот градоначалник ќе одговара и за изборен криминал, повикувајќи се на прислушуван телефонски разговор што го објави опозицијата. Ковачевски од собраниската говорница тврдеше дека денеска околу пладне, после пет дена во Битола пристигнала одлуката за домашен притвор за градоначалникот Талески, но оти жалбата за оваа одлука стасала многу побргу во битолскиот суд. СДСМ, рече тој, не оправдува собири за поддршка на Талески како оној денеска пред Кривичниот суд во Скопје.Координаторот на пратеничката група на ВМРО­ДПМНЕ Илија Димовски рече дека граѓаните нема немо да набљудуваат додека опозицијата прави насилство во државата.„Си дозволувате народот којшто не е со вас да го навредувате, да го омаловажувате, да го нарекувате стока, да не му го вреднувате правото на глас, а оние неколку стотини луѓе коишто ги имаше по медиумите дека добивале пари за да одат на протести, тие биле народ. Преку сто луѓе имаше на список коишто добиваат месечно надокнада од Сорос фондацијата“, рече Димовски.Додаде дека парите со кои се финансираат пртотестите се пари од трговија со оружје. „Вас ви ги даваат за да ја рушите државата, за да се смени името, за да се направи федерализација на државата. Со каков образ стоите вие во тој ред? Имаше пратеници пред вас коишто гласаа за територијална поделба на државата. Предадоа два града Кичево и Струга. Вас ќе ве доведат во ситуација да ја предадете целата држава“, рече Димовски.Реплицирајќи, Ковачевски рече дека Талески бил „коруптивен криминалец и перфиден глумец и затоа не треба да биде амнестиран“, посочувајќи ја поддршката за Специјалното јавно обвинителство.Зоран Илиоски од ВМРО­ДПМНЕ, како претседател на Комисијата за оценка на основаноста за предлогот на импичмент рече дека нема основаност за покренување на ваква постапка бидејќи ниту Уставот, ниту законот се прекршени.„Тоа што ќе се соберете стотина луѓе попладне и ќе ги шарате институциите е народ? Тоа е платеничка револуција. Тоа е предавничка револуција. Го судите градоначалникот на Битола, а имате лидер на партија, аболициран криминалец за осум милиони евра“, рече Илиоски додавајќи дека Зоран Заев врз основа на последните измени на Законот за помилување може да поднесе барање за повлекување на одлуката за негова аболиција.Иванов, според пратеникот Павле Трајанов, треба да сноси одговорност за неговите одлуки, а го изгубил кредибилитетот и меѓународниот углед за да ја води државата. Во јавноста, како што кажа, треба да се отвори дебата за постапка за ограничување на уставната можност за помилување на претседателот, за начинот на избор на претседател односно тој да се избира во Парламентот, што би значело поделба на одговорноста, и, трето, да се ревидираат и да се намалат бенефициите за поранешните претседатели.Одлуката за аболиција на претседателот Иванов е согласно Уставот, а помилувањето е законски спроведено, повтори пратеникот на ВМРО­ДПМНЕ Иван Иванов, кој исто така ја повика опозицијата да излезе на избори, а не постојано да бега./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Објавено пред

Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Објавено пред

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

dobivaj vesti na viber

„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија15 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ16 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија17 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија18 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија19 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ19 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија19 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет20 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа21 час

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет23 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет23 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет23 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет23 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа23 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет2 дена

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет2 дена

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...