Македонија
Одржан состанокот за нацрт-методологијата за изборно медиумско претставување
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во вторникот го одржа состанокот на кој беше претставена нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избор кои би требало да се одржат до крајот на годината, при што најголемите телевизии во земјата побараа Агенцијата да го почитува и делот на Законот кој предвидува да се набљудува работата на интернет порталите.
„Последните измени на Изборниот законик, што ги усвои Собранието кон крајот на јули, ја обврзаа Агенцијата во рок од 30 дена од нивното донесување да направат измени во МЕтодологијата за мониторинг на изборното медиумско претставуање преку радио и телевизиските програмски сервизи за време на изборните процеси, односно документот то Советот на Агенцијата го усвои на 5-ти јануари годинава, Наместо да се интервенира во тој текст, Агенцијата одлучи да направи нова методологија којашто ќе важи само за изборите коишто нé очекуваат на крајот од 2016 година“, рече Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, отворајќи го состанокот.
Додаде дека Агенцијата ги разгледува искуствата од европските земји, и притоа е избран францускиот модел за постигнување политички плурализам надвор од изборниот период за да го прилагоди на македонската практика и регулатива.
Во продолжение беа образложени целите, опфатот и периодот на мониторингот на изборното медиумско претставување, како и специфичностите коишто се одредени со последните измени на Изборниот законик, кои ги појасни Емилија Петреска Камењарова, раководител на одделот за медиумска писменост во текот на презентирањето на нацрт-методологијата.
Една од особеностите на овој изборен процес е тоа што одредбата за утврдување баланс во известувањето започнува да важи сто дена пред одржувањето на изборите. Радиодифузерите во тој период треба да обезбедат баланс во известувањето за парламентарните избори, според принципот на пропорционалноста според бројот на потврдените листи со кандидати за пратеници.
Претставниците на Агенцијата притоа посочија дека врз основа на искуствата од мониторингот на известувањето за изборите кои беа закажани првично во април а потоа и на почетокот од јуни годинава, направени се допрецизирања во делот на методологијата која се однесува на известувањето за активностите на претставниците на власта во функција на изборно медиумско претставување. Беше кажано дека, потпирајќи се на методологиите и искуствата од претходните мониторирања на изборните процеси, примерокот врз чијашто основа ќе се прават оцените за балансот во известувањето е поставен на десет дена.
Прецизирање е направено и во однос на коментарот како новинарски жанр, кој треба јасно да биде одделен од другите новинарски жанрови, како што се вестите, извештаите, интервјуата и репортажите.
По излагањето на претставниците на Агенцијата, присутните претставници на медиумите ги искажаа своите предлози, забелешки и мислења во однос на нацрт-методологијата, и притоа претставниците на петте најголеми телевизии во земјата побараа законот да важи и за интернет порталите.
Советот на Агенцијата и нејзините стручни служби расправаа за предложената методологија со која ќе се набљудува известувањето на телевизиите и радио дистрибутерите, но се изоставува законски предвиденото набљудување на работата на интернет порталите.
„Петте телевизии сериозно протестираат на вашата интерна одлука со која сметам дека правите упад во последните измени на изборното законодавство затоа што сметаме дека немате право да го промените членот по кој се инсистира на мониторирање на сите што се застапени во изборниот закон. Доколку тоа го направите, се поставува прашањето зошто би требало ние да бидеме мониторирани, а вие да решите кој не треба да биде мониториран“, рече Иван Мирчевски од Македонската медиумска асоцијација, која ги обединува петте најголеми комерцијални телевизии, Алсат, Алфа, Канал 5, Сител и Телма. Додаде дека практиката покажува оти најчестите примери на ширење говор на омраза токму преку порталите.
На јавната расправа присуствуваа и членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, кои дискутираа за нивната улога во набљудувањето на медиумското известување од страна на Агенцијата. Оваа Комисија беше формирана во согласнсот со политичкиот договор на четирите најголеми партии и до среда треба да биде заокружен нејзиниот состав.
Боби Христов од телевизијата Телма се придружи во барањето на Мирчевски интернет порталите да бидат следени за начинот на кој ќе известуваат, евентуално прекршување на правилата за балансираност и ширењето говор на омраза.
Трајчевски и Камењарова од програмскиот сектор одговорија дека во консултација со меѓународни организации заклучиле дека поради непостоење јасна дефиниција на тоа кои електронски медиуми потпаѓаат под „интернет портал“, поради непостоење регистар на интернет портали и немање меѓународна практика за мониторирање на порталите, Агенцијата решила да не ја набљудува нивната работа.
Мирчевски воедно ја оцени предложената методологија, за која Советот на Агенцијата ќе решава во петок, како документ кој остава простор за субјективно казнување на медиумите. Смета дека делот од методологијата со кој ќе се оценуваат квалитативните аспекти на балансираноста треба да се отстрани, бидејќи, според него, од набљудувачите на Агенцијата ќе се очекува да го оценуваат тонот на медиумските прилози, односно „дали прилогот содржел сатирични или оптимистички тонови, па дури и аголот на камерата“.
Претставниците на Агенцијата, пак, повторија дека методологијата била изработена по примерот на сличната француска методологија, имајќи предвид дека од европските држави само Франција и Италија спроведуваат слично набљудување на известувањето во предизборниот период.
На јавната расправа присуствуваа и членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, кои дискутираа за нивната улога во набљудувањето на медиумското известување од страна на Агенцијата. Оваа Комисија беше формирана согласно политичкиот договор на четирите најголеми партии и до утре би требало да биде комплетиран нејзиниот персонален состав./крај/миа/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите.
На еминентниот собир, на којшто учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи Нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, Сиљановска-Давкова посочи дека во време на подем на вештачката интелигенција, образованието повеќе не е еднонасочна улица на пренесување и помнење на факти и посочи на потребата фокусот на образованието да се префрли на критичко и креативно размислување.
„Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не може и не треба да биде забранета. Сепак, тоа треба да се регулира, бидејќи носи бројни ризици, меѓу коишто е зависноста“, рече претседателката.
Според неа, образованието мора да почне да се фокусира на менталната стабилност, емоционалната интелигенција и етичкото и моралното расудување, што ѝ недостасува на вештачката интелигенција.
„Ни треба глобален консензус дека вештачката интелигенција во образованието и во секојдневниот живот мора да биде транспарентна, фер и водена од човекот. Вештачката интелигенција мора да биде алатка, а не господар“, рече Сиљановска-Давкова.
Претседателката смета дека промена на парадигмата е потребна и во македонскиот образовен систем.
„Верувам дека во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи. Имаме луѓе со одлични идеи. Имаме хемичари и физичари кои се меѓу првите 2% од најцитираните научници на глобално ниво. Имаме жени во STEM кои ги надминуваат регионалните и европските нивоа. Имаме талент и потенцијал, но не можеме да го направиме тоа сами. Ни треба вашата поддршка, идеи, а најважно од сè, вашиот совет. Македонската академија на науките и уметностите, нашите универзитети и факултети се отворени за соработка во истражувачки и развојни проекти од коишто сите би можеле да имаме корист“, рече претседателката на самитот.

