Забава
Петиција против „љубовните катанци“ во Париз
Познатиот „Град на љубовта“ го одложи донесувањето на тешката одлука, но иницијативата против популарното „железно искажување на љубов“ добива сé поголема поддршка во Франција.
Туристка го врти клучот и триумфално го крева во висина. Нејзиното момче со мобилен телефон ја фотографира кога таа го фрла клучот во Сена. Нивната љубов сега наводно засекогаш е заклучена. Ова е само една во низата исти сцени кои секојдневно може да се видат во Париз.
Лиза Анселмо и Лиза Тејлор Хаф се Американки кои живеат во Париз и кои ја покренале иницијативата на Интернет против „љубовните катанци“. До сега петицијата ја потпишале седум илјади луѓе, а поттикнати од еден настан од почетокот на јуни кога се случи неизбежното – дел од оградата на познатиот мост Pont des arts се сруши од тежината на катанците. Со наслов „Товар на љубовта“ фотографијата брзо се прошири на Интернет.
Весникот Le Monde проценува дека на париските мостови има околу 700.000 катанци, а нивната тежина е 300 килограми по метар ограда.
Новата градоначалничка на Париз, Ана Хидалго, сега е под голем притисок – дали да го забрани „железното изјавување на љубов“ и така да ги заштити мостовите кои претставуваат културни споменици или треба да мисли на сите пари што ги носат туристите и да ги затвори очите пред нивното уништување?
„Треба да размислуваме за феноменот време, да понудиме алтернативи кои истовремено ќе бидат уметнички, солидарни и еколошки“, се наведува во образложението на градоначалничката.
Порано туристите дома се враќаа со сувенири, а сега повеќе сакаат да остават нешто во градот што го посетиле. Од „Град на љубовта“ Париз стана „Град на љубовните катанци“. На Pont des arts почна сé и оттогаш нема мост на Сена на кој има уште место за љубовни катанци. Сé почесто поради недостиг на место настануваат вистински гроздови од катанци. А и бројот на клучеви во Сена е голем па постои шега дека еден ден ќе се издигне остров од нив.
Париз не е осамен со овој проблем. Никој не знае каде настанал обичајот со катанците, се спомнуваат Источна Европа и Италија.
Во Германија, мостот Hohenzollern во Келн е преоптоварен, Берлин воведе забрана за закачување катанци на јавни места, Москва постави специјално дрво, а ако некој се осуди на познатиот мост Rialto во Венеција да заклучи катанец му следува дебела парична казна. На мостот Charles во Прага, пак, заклучените катанци се отстрануваат веднаш.
За сега Париз се обидува да го реши проблемот со совети: на сајтот на градското собрание се советува користење на виртуелни катанци или посета на ѕидот I Love You на Монмартр каде трите зборови се испишани на 300 јазици. Или сосема класично изразување љубов – со шише шампањско на врвот на Ајфеловата кула. Но, дури и таму љубовниците нашле згодно место – за катанци.
крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

