Македонија
Арсовска-Томовска: Придобивките на ИКТ да бидат достапни до сите граѓани подеднакво
Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на конференцијата „ИКТ и вработување: потреба и можности”, во организација на здружението ‘Отворете ги прозорците’, а во рамки на одбележувањето на европската кампања „Недела на дигитално вклучување ‘Get Online Week 2016’.
Темата на конференцијата е поврзана со дигиталната инклузија, а целта е јакнење на свеста во однос на потребата и можните придобивки од користењето на информациско комуникациските вештини, на отворениот пазар на труд.
„Од своето формирање, Министерството за информатичко општество и администрација се залага сите граѓани на Република Македонија да станат не само активни корисници на придобивките од информатичкото општество, туку и активни контрибутори за развојот на информатичкото општество. Низ годините, ние креиравме и имплементиравме кохерентни политики кои ќе овозможат пристап до комуникациските технологии и интернетот за секој граѓанин, од секој дом и од секое работно место. Развивавме унифицирани и стандардизирани е-услуги едноставни за користење, кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните до владините услуги. Помогнавме да се изгради околина во која младите ќе знаат да ги искористат придобивките на модерните технологии за полесна комуникација, стекнување на нови знаења, наоѓање на работа, културно и интелектуално надградување”, рече Арсовска Томовска. Потенцирајќи дека од особена важност е придобивките на ИКТ да бидат достапни до сите граѓани подеднакво, Арсовска Томовска ја посочи Нациналната стратегија за е-вклучување, која беше изработена од Министерството за информатичко општество и администрација.„Проектите беа групирани во седум приоритетни столба, и тоа: е-пристапност, дигитална писменост, ИКТ за стари лица, географско е-вклучување, инклузивна е-Влада, социјално–културно е-вклучување и следење на идните препораки на Европската Унија”, истакна Арсовска Томовска.Таа меѓу другото, ги издвои изработката на водичот за имплементација на WCAG 2.0 стандардот за веб пристапност и софтверот за синтеза на говор за слепи лица, доделувањето на над 5 273 ваучери на студенти од социјално-ранливи категории за набавка на таблет компјутери со надворешна тастатура, како и најновата активност, примена на стандардот WCAG (Web Content Accessibility Guidelines) 2.0 за веб-пристапност на веб-локациите и електронските услуги на државните институции. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Грипот се шири брзо, раст од над 31 проценти за една недела
Во периодот од 8 до 14 декември, во Република Северна Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, покажуваат најновите податоци од здравствените власти.
Најмногу заболени се регистрирани во Тетово (30 случаи) и Куманово (20), а веднаш потоа следи Македонски Брод (18). Во Скопје се пријавени 15 случаи. Иако по број на пријави не е прв, Македонски Брод има највисока инциденца – 178,0 заболени на 100.000 жители.
Според старосната распределба, најзасегната е групата 15–64 години со 97 случаи. Кај лицата над 65 години регистрирани се 16 случаи, додека кај децата бројките се пониски: 7 случаи кај групата 5–14 години и 6 случаи кај 0–4 години.
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле тестирани 24 материјали, при што се детектирани 4 позитивни случаи на грип: три Influenza A(H3) и еден Influenza A(H1)pdm09. Дополнително, регистриран е и еден случај на RSV тип B, додека SARS-CoV-2 не е детектиран.
Кумулативно, од почетокот на сезоната 2025/2026, регистрирани се 998 случаи на грип/заболувања слични на грип, што е зголемување од 51,2% во однос на истиот период минатата сезона.
Најголем број пријави има во Гостивар (244) и Куманово (241), а Македонски Брод повторно се издвојува со највисока инциденца – 583,5 на 100.000 жители.
Вакцинацијата против грип останува најсигурна заштита, посочуваат здравствените власти. За сезоната 2025/2026 обезбедени се 80.000 бесплатни четиривалентни вакцини за ризичните групи:
-
лица над 65 години,
-
деца од 6 до 59 месеци,
-
лица со хронични болести,
-
бремени жени,
-
здравствени работници.
Според досегашните податоци, вакцинирани се 78.730 лица (со бесплатни или комерцијални вакцини).
Епидемиолошкиот надзор покажува дека грипот сè уште има спорадична активност низ земјата, а процентот на позитивност е под 10%, што укажува дека сезоната не е во полн интензитет. Сепак, бројот на пријавени случаи постојано расте, па се апелира на зголемено внимание, особено кај ризичните групи.
Министерството за здравство и ИЈЗ препорачуваат:
-
често миење раце,
-
избегнување големи гужви,
-
топло облекување, доволен одмор и внес на течности/витамини,
-
доколку се разболите: останете дома, избегнувајте блиски контакти, покривајте нос и уста при кашлање/кивање и користете заштитна маска при контакт со блиски.
Македонија
Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување
Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана по здравјето, лекарот Нико Беќаровски преку објава на социјалните мрежи сподели едноставен совет и план за тоа како да се минимизира нивното негативно, потенцијално канцерогено дејство врз организмот.
Според Беќаровски, изложеноста на овие честички не може целосно да се избегне, но може да се ублажи нивното влијание преку секојдневни навики кои го поддржуваат организмот. Тој препорачува денот да започне со чај од диво оригано, во комбинација со додатокот G-132+ Natural.
Пред ручек, како што наведува, корисно е да се консумира зелен чај заедно со витамин Д во доза од 1.000 И.Е., додека навечер советува чај од ѓумбир и куркума, или бел слез, повторно во комбинација со G-132+ Natural.
Дополнително, Беќаровски нагласува дека во текот на денот е важно да се внесуваат најмалку два литра млака вода со парче лимон, а кај лицата без висок крвен притисок може да се додаде и уште една шолја зелен чај.
„Ако не може да се спречи, барем благовремено да се лечи“, порачува Беќаровски, потенцирајќи дека грижата за здравјето е особено важна во периоди на екстремно аерозагадување, кога последиците од вдишувањето на штетните честички може да бидат долгорочни.
Македонија
Мицкоски за Денот на наставата на турски јазик: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува дека образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба.
-Преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности се претвораат во заедничко богатство на државата, наведе Мицкоски.
Премиерот посочува дека наставата на турски јазик е дел од нашето историско и општествено наследство и придонесува кон градење образовен систем заснован на почит, еднаквост и меѓусебно разбирање.
-Како Влада, ја разбираме одговорноста да обезбедиме услови во кои секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, без разлика на мајчиниот јазик. Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата. Честит Ден на наставата на турски јазик, додава премиерот во објава на Фејсбук.

