Македонија
До 4,5 години затвор добија осудените во случајот „Ќелија“
Судот во средата им одреди казни на петтемина обвинети за тероризам во случајот „Ќелија“, па така Иса Фуга, за три кривични дела, доби 4,5 години затвор, а Абдула Абдулаким за две кривични дела доби три години и 1 месец затвор
Ерол Рустеми за две кривични дела доби 2 години, Мухамед Имери и Стефан Стефановски за по едно кривично дело, добија казни од по 2 години затвор.Обвинетите во понеделникот ги признаа делата кои им беа ставени на товар од Јавното обвинителство за организиран криминал, односно учество во странска војска, паравоена и параполициска формација. Иса Фуга призна дека освен што регрутирал војници да се борат на страна на џихадистите, тој собирал и пари и опрема, а ги криел останатите од групата.Стефан Стефановски и Мухамед Имери обвинителството ги товари дека учествувале во борбите во Сирија на страната на џихадистите.При оценувањето на обвинителниот акт вината ја признаа Оџата Реџеп Мемиши, Ахмет Дарлишта, Сејфула Етемовски, Ресуљ Саити, Фазљи Суља и Мухамед Шеху.Тие беа осудени на минимални затворски казни од пет до седум години.Според обвинението, една група обвинети подготвувале лица кои ќе одат да учествуваат во странска војска, друга група обезбедувале парични средства и друга поддршка во материјална смисла за лицата да бидат подготвени за пат пред и за време на нивното учество во странска војска, а третата група учествувала во борбите на страната на Исламската држава во Сирија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

