Македонија
Кривичниот совет го врати на ново одлучување за „Тврдина“

По однос на жалбите на СЈО за осомничените лица Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. опфатени во предметот „Тврдина“, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во понеделникот донесе решение со кое жалбите се уважуваат, а решението на судијата на претходна постапка од 14-ти јуни, со кое беше отфрлен предлогот на СЈО за определување мерки на претпазливост, се укинува и се враќа на повторно одлучување.
Истовремено донесено е решение со коешто жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) по барањето за определување притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, ниту мерки за претпазливост за останатите четворица обвинети, меѓу кои и поранешната Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тврдина“, кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка, исто така, од 14-ти јуни со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска Советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка.
Основниот суд Скопје 1 во средата не го прифати предлогот на СЈО да му се одреди притвор на началникот на Петтата управа, Горан Грујевски осомничен за уништување на два технички системи за следење на комукациите. Исто така, го отфрли предлогот на СЈО да им се одредат мерки на претпазливост на останатите четворица осомничени во овој случај, меѓу кои е и поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.