Контакт

Македонија

Оштетените од „Фиком“ бараат СЈО да го преземе и нивниот случај

Објавено пред

Оштетените од аферата „Фиком“, од пред петнаесетина години, на кои им беа продавани исти станови по неколкупати, во сабота, протестираа пред зградата „Антигона“ во скопска Кисела Вода, барајќи да бидат обештетени, односно да им бидат доделени станови или да си ги добијат назад парите кои ги дале за становите, но и за судските трошоци.

dobivaj vesti na viber

„Судот најбезобразно се става на страна да заштити само една од инволвираните страни, при што во целост ги оштетува граѓаните кои ги купиле становите. Сакаме да прашаме зошто стечајот на „Фиком“ трае нецели десет години, што е направено за тие десет години, зошто судските постапки траат толку долго и зошто судот како по наредба носи одлуки кои се спротивни на сите закони“, рече некогашната адвокатка на оштетените, Лорија Ванеска.

Побара да се формира независно судско тело, составено од најеминентните стручњаци во оваа област, кое ќе ги преиспита сите одлуки донесени во случајот.

„Со ова го повикуваме и специјалното јавно обвинителство доколку елементи од аферата „Фiком“ се најдат во прислушуваните разговори кои им се предадени им стоиме на располагање да им ја предадеме целокупната документација, со цел да се води постапка за сторителите на овие дела“, рече Ванеска.

Најави дека ќе се формира Здружение на оштетени од сите градежни афери кои ги имаше на државно ниво со цел да се обештетат луѓето и да се каже стоп за градежната мафија. „Помина доста време, а луѓето останаа без пари. Не сме задоволни од досегашните случувања. Влеговме во судска постапка која незамисливо долго трае. Нашата зграда е ставена под хипотека, а се судиме со банката ‘Еуростандард’ за таа хипотека, за која ние тврдиме дека не е валидна и дека тука е направена некоја ујдурма“, вели Миле Ѓорѓески, кој уплатил стан во зградата „Антигона 1“.

Велат дека имаат доверба во институциите, во МВР, во судството, но исто така побараа и државата да интервенира во нивниот случај, со предлог, како што дава субвенции за проектот „Купи куќа, купи стан“ и ним да им ги врати субвенционирано нивните пари кои ги вложиле за стан кој никогаш не го добиле, поточно и нив да ги вклучи во проектот.

„Ние овие станови не сме ги добиле на подарок, туку сме платиле за нив“, вели Ѓорѓески.

Оштетена од зградата „Филип“ пак, обвинува за нова мафија, носејќи транспарент на кој пишуваше „Нова мафија“, и вели дека нивната зграда со судско вештачење е потврдено дека е градена со нивни пари.

„Некоја нова мафија, преостанатите 30 отсто, ги доградува. Која е таа мафија, под кои услови, со кого се здружува за да ја доградува зградата и оди уште понатаму ги препродава нашите станови“, рече Даниела Јовановска, оштетена од зградата „Филип“, за што никој не ги известил, а институциите иако известени за случајот, никој не ги удостоил со одговор.

Оштетените од зградата „Самарија“ велат дека не можат да сфатат како може толкави објекти да се направат, а општината од старт да не укаже дека се дивоградби.

Претседателот на оштетените рече дека не разбира како владата се заложува за повеќедетни семејства за кои тврди, дека основно е поседување живеалиште, а нив ги оставила без она за што платиле.

„Отворена е стечајна постапка, а тие знаеме како завршуваат. Се на штета на оштетените. Еден повик до владата. Ако не може да ги реши овие станбени афери, нека не вметнат во проективе „Купи куќа, купи стан“ и нашите пари да ги пренасочи таму, и нека не субвенционира“, рече тој.

Насобраните, потенцираа дека досега дале преку половина милион евра сите заедно за судски трошоци, кои, исто така, сметаат дека не требало да паднат на нив, па бараат поврат и на тие пари.

Најавија дека повторно на протест ќе се соберат за две недели од сега, и ќе протестираат сé додека не се реши нивниот проблем.

Случајот „Самарија“ е еден од многубројните измами кои се случија во изминативе години, а кои се однесува на препродажба на станови. Тој беше обелоденет во 2003 година кога сопственичката на приватна градежна фирма, Лујза Миновска, заработи 30-дневен притвор под сомнеж дека 12 граѓани измамила за 351.000 евра. Обвинувањата упатени на адреса на Миновска беа дека таа зела пари за становите, кои требало да бидат изградени на улицата „Киро Крстевски“ во скопската општина Кисела Вода, но немала добиено одобрение за градба.

Сопственичката на фирмата, која сега е во рацете на судот, стечајниот совет и управник, склучила договор со сопствениците на земјиште на споменатата улица, а потоа започнала со изградба, и покрај тоа што не платила комуналии и немала одобрение за градба. Миновска, и покрај направените пропусти, продолжила со изградбата, а становите ги понудила на продажба. Неколку месеци подоцна Градежниот инспекторат ја запрел изградбата која стигнала до првата плоча, но тоа не ја спречило да продаде 10 стана и да инкасира 283.000 евра. Лујза Миновска беше осудена за измамите, во 2007 година, на затворска казна во траење од четири години.

Градежната афера „Фиком“ медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Претходно сопствениците на ФИКОМ, сопружниците Николиќ успеале да измамат многу луѓе ветувајќи им евтини, модерни станови речиси во центарот на Скопје. Во седум згради во централното градско подрачје тие продавале станови по цена од 450 до 500 евра за метар квадратен, без склучен договор. За измамата да биде уште поголема, еден стан го продавале на повеќе лица. Стотици семејства беа оштетени, становите ги платија, но не добија дом. Зградите сé уште стојат недоизградени.

Случајот „Фиком“ е една од најголемите измами со продажба на станови во Македонија.

Сопственикот на „Фиком“, со јаже врзано на плафонот за цевката од радијаторот, Никола Николиќ беше пронајден обесен во затворот во Штип на почетокот од март 2015 година. Управата за санкции соопшти дека 42-годишниот Николиќ за измами бил осуден на вкупна затворска казна во траење од 25 години и два месеца./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Објавено пред

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.

dobivaj vesti na viber

Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои  бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

 

Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.

27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде  и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Починато лице на списокот за гласање, ДИК отфрли седум и прифати три приговори за лично избирачко правo

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџел Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, Адис Таири од Гостивар и Едина Таири од Гостивар. Тројцата утре ќе може непречено да го остварат своето право на глас, но се должни со себе на гласачкото место да го донесат и покажат решението што ќе го добијат од ДИК како правен основ да бидат запишани во дополнителнот образец на Избирачкиот список.

dobivaj vesti na viber

На седницата беше усвоена и Одлуката за поништување на потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Образложението е дека ДИК на 17 октомври, по допрен глас, дошла до информација дека на оваа листа има починато лице. ДИК предложи за овој случај понатаму да постапува Јавното обвинителство.

-ДИК согласно Деловникот и Изборниот законик констатира дека се поништува потврдената листа од Изборната комисија на Град Скопје за членови на Совет поднесена од ДНЕТ. ДИК одлучи дадените гласови за поништената листа членовите на избирачките одбори да ги евидентираат како неважечки гласачки ливчиња во записникот за гласање. Исто така, членовите на општинските изборни комисии кои спроведуваат гласање за Град Скопје, како и Изборната комисија на Град Скопје нема да ги сметаат како добиени гласови во соодветните записници за сумирање и утврдување на резултаите од гласањето, објасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Членот на ДИК, Александар Даштевски рече дека ваков случај, на предложено починато лице, имало и лани. Листата била отфрлена.

-Беше покрената и кривична постапка што е предвидено за вакви случаи, истакна Даштевски.

На седницата ДИК информира дека досега за следење на утрешните локални избори се пријавени 1 463 набљудувачи од кои 807 домашни и 644 мешународни, како и 12 странски новинари. ДИК воедно денеска им одобри акредитации за следење на изборниот процес и на уште двајца новинари од Радио-телевизија Косово.

Беше прифатена и Одлуката за доделување дополнителни средства на општинските изборни комисии за локалните избори.

Попладневната 147. седница на ДИК, како што напомена Кондарко, останува отворена за евентуално пристигнување на други приговори.

-Јавноста ќе биде известена за продолжение на седницата. Сега само ја прекинуваме, а ќе ја продожиме денеска ако има потреба, ако не, утре ќе констатираме дека ја затвораме, објасни Кондарко.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Објавено пред

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„На 16 октомври 2025 во 20 часот и 10 минути во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните.

Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска станица, а одземени му се лаптоп и компјутер.

„СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ13 часа

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија13 часа

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија15 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија15 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија17 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион1 ден

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет1 ден

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија1 ден

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија1 ден

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ1 ден

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ1 ден

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија2 дена

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 дена

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 дена

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 дена

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа2 дена

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 дена

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа2 дена

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...