Македонија
Македонска делегација на седницата на советот на Светската царинска организација
Директорката на Царинската управа на Република Македонија присуствуваше на 127-та/128-та седница на Советот за царинска соработка што се одржа од 14-ти до 16-ти јули во Брисел.
Годинава приоритет беше ставен на безбедноста, а усвојувајќи ја Пунта Кана резолуцијата за безбедност и Програмата за нејзина имплементација, Светската царинска организација ја потенцираше клучната улога на царината во борбата против недозволената трговија и тероризмот.
Светската царинска организација ја поддржува интензивната соработка помеѓу царинската служба и меѓународните организации на полето на безбедноста, но воедно се залага и за олеснување и забрзување на трговијата со легитимните стоки. Воспоставување на рамнотежа помеѓу двете клучни компоненти олеснувањето на трговијата и безбедноста е приоритетна активност на СЦО.
Во клучните приоритетни активности предвидени со Стратешкиот план 2016 – 2019 година е технолошкиот развој на СЦО – Дигитална царина. Во таа насока, сите царински служби имаат за цел да воспостават висок степен на дигитализација, што ќе придонесе царината да ги има во свои раце сите алатки со кои поуспешно ќе се справи со предизвиците на денешницата.
Делегатите, претставници на царинските администрации членки на Светската царинска организација (формирана во 1952 година како Совет за царинска соработка со мисија да допринесе за поголема ефикасност и ефективност на царинските администрации, сега со 180 членки), ја потенцираа важноста од интензивна соработка помеѓу царинската служба и другите погранични агенции, особено полицијата.
Од аспект на ефикасна и ефективна наплата на царинските приходи и заштитата на финансиските интереси на државите, препорака на Светската царинска организација беше зголемена соработка помеѓу царинските и даночните служби. Исто така, беше истакнато се поголемото значење од воспоставување на мрежа за борба против криумчарење на културното наследство (пред се во конфликтните зони) со цел зачувување на светската меморија, но и спречување на финансирањето на терористичките активности.
На седницата на Советот за царинска соработка беа усвоени стратешките документи Стратешкиот план 2016 – 2019 и Оперативниот план за 2017 година, а се изврши и избор на претседавачи на одредени тела и директорати на СЦО.
Присуството на седницата на Советот за царинска соработка беше можност преку неформални билатерални средби, шефовите на царинските служби директно да разменат мислења и иницијатива за идни активности од заеднички интерес./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

