Македонија
Помилуван целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ, Заев, Црвенковски и специјални обвинители
Во Службениот весник официјално се објавени имињата на политичарите кои со вчерашната одлука ги помилува претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Објавени се 40 одлуки за помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка за 55 лица и една одлука за помилување на осудено лице.Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е помилуван 16 пати во различни постапки, додека поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е помилувана 13 пати, односно се сомничела за 13 различни кривични дела. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски е помилуван за седум кривични постапки, додека поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање е помилуван во шест постапки што се воделе против него. Мартин Протоѓер, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е осомничен и сега помилуван за пет кривични дела, додека Генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски за четири дела. Сите политичари чии гласови ги слушнавме во прислушуваните разговори што објавуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев нема да одговараат за криминалот за кој се сомничат. Во списокот на помилувани и е и самиот Заев кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“ заедно со поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски. И двајцата се помилувани за две кривични дела. Два пати е помилувана и Ирена Мишева, член на бордот на директори на „Телеком“.Иванов го помилува и неговиот претходник, Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата.Дел од Обвинителите кои треба да ги расчистуваат случаите со прислушуваните разговори кои предизвикаа политичка криза во земјава се најдоа на списокот на претседателот. Обвинителите, Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се помилувани за кривичното дело, вршење притисок врз сведоци, кое им се става на товар. Ова се имињата на сите помилувани објавени во Службен весник.Ирена Мишева Миле Јанакиески Живко ПејковскиГордана Јанкулоска Љупчо ДимовскиМендух ТачиБедредин ИбраимиМартин Протоѓер Љупчо Тодоровски Кирил Божиновски Сашо Мијалков Никола Груевски Трајко ТрпевскиМирослав ЈовановиќГоран Грујевски Тони ТрајковскиЖарко ЛуковскиЗоран Заев Трајко ВељаноскиЗоран Верушевски Ивица АнчевскиПетар МилошевскиФилип АтанасовГоранчо ТодевМетуш ШабаниНовица СтанковскиКоце ТрајановскиВладимир ТодоровиќРисто НовачевскиТодор МирчевскиКиро ТодоровскиНадица ВелевскаМунир ПепиќЕдмонд ТемелкоКоста МитровскиВладимир ТалевскиТони ЈакимовскиНикола БошковскиВалентина СимоновскаЃорѓи ЛазаревскиСоња ВерушевскаБранко ПолифровАнета СтанчевскаИсмет ГуриДејан Митровски – УркоКоста КрпачВладислав СтајковиќХристијан ПаневБранко ЦрвенковскиБожидар ЈанковскиСветлана КостоваХаим ХакиниЛиле СтефановаФатиме ФетаиГаврил БубевскиЗвонко КостовскиИванов во вторникот донесе општ акт со кој ги запре сите кривични постапки што се водат против политичарите од власта и опозицијата.„ Ако некого сум пропуштил и тоа го оценам во наредниот период, ќе го исправам пропустот. Доколку проценам дека некој сака со слични чекори, повторно да нѐ заплетка во вакво сценарио, не ја исклучувам можноста повторно да реагирам на идентичен начин“, рече Иванов.По одлуката на Иванов дел од граѓаните излегоа на протести пред канцеларијата на претседателот, пред СЈО, ВМРО-ДПМНЕ и пред Владата каде им се придружи и лидерот на опозицијата. После тоа имаше и контрапротести пред седиштето на СДСМ./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.
Македонија
МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected].
Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста“.

