Македонија
Се договараат методите за прочистување на Избирачкиот список
Во Државната изборна комисија (ДИК) во четврток се одржува првиот состанок на Работната група за Избирачки список на кој присуствуваат претставници на институциите, на политичките партии, на амбасадите на САД и на ЕУ, на ОБСЕ, на ИФЕС и на невладини организации.
Според информациите од ДИК, на состанокот претседателот на Комисијата Александар Чичаковски информирал за резултатите од прочистувањето на Избирачкиот список до пред одложувањето на предвремените парламентарни избори, закажани за 5-ти јуни, а потоа учесниците на состанокот ги презентирале своите почетни позиции.Дамјан Манчевски од СДСМ рече дека досега требало да се провери кои луѓе требало да се стават во посебниот извод на Избирачкиот список.„Докрај да се проверат сите оние луѓе, коишто согласно законот, само согласно законот, не треба да бидат на Избирачкиот список и само согласно законот треба да се стават на посебниот извод на Избирачкиот список. Тоа одамна требаше да го направат, одамна требаше да ја завршат таа работа, и ако тоа беше направено, денеска ќе имавме чист Избирачки список“, заклучи Манчевски.„Секоја забелешка по однос на Избирачкиот список ќе биде сериозно разгледана, ќе се пристапи со најголема сериозност во проверка на наводите. Сега засега, СДСМ, преку своите претставници, достави забелешка на Избирачкиот список. Сега ќе се персонализираат, ќе се види за кои лица станува збор“, рече Атанас Урумов, претседателот на новоформираната работна група за Избирачкиот список.Од политичките партии присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ, Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова од СДСМ и Беким Фазлиу од ДПА.На средбата присуствуваат и претставници од министерствата за правда, за внатрешни работи и за надворешни работи, Државниот завод за статистика, Управата за водење матични книги, Секретаријатот за европски прашања и Дирекцијата за заштита на лични податоци, од амбасадата на САД, на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, ИФЕС, како и невладините МОСТ и ЦИВИЛ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

