Македонија
Договорените измени на закони влегоа во Собрание

Предлозите на неколку закони за изменување и дополнување, договорени од четирите партиски претставници, потписнички на договорот од Пржино, со кои треба да се отвори патот за предвремени парламентарни избори со кои би се излегло од политичката криза во четврток ќе се гласаат во Собранието.
Имено, Предлог на закон изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Горан Сугарески, Артан Груби и Беким Фазлиу, во четврток се ставени на дневен ред на собраниската седница.Ако се оди според договореното, Собранието треба да се распушти на 10 октомври, доколку избори се закажат на 11 декември. За преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада.Законот за внатрешни работи ќе претрпи измени по неколку основи и тоа прво треба да се изгласа неговата суспензија, односно одложена примена за една година, а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по хоризонтална линија.Со измени во законот за медиуми ќе се воведе петчленото ад-хок тело што ќе биде составено од партиски предлози, а треба да ја контролира балансираноста на објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите.Опозициската СДСМ, во среда, јавно ги повика новинарите да предлагаат членови на ова контролно тело./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).