Забава
Првата печатена книга во САД продадена за над 14 млн долари

Еден од 11-те сé уште зачувани примероци до првата книга печатена во Соединетите држави е продадена за 14,1 милиони американски долари во вторникот навечер на наддавање во Њујорк во организација на аукциската куќа Sotheby’s, со што е поставен рекорд за некоја печатена книга.
Иако се очекуваше „The Bay Psalm Book“ да биде продадена за околу 30 милиони долари, книгата е продадена за двојно помала сума, но брзо ја прескокна досега највисоката цена од 11,5 милиони долари којашто во декември 2010 година е платена за книгата „Birds of America“ на Џин Џејмс Одјубон.
Книгата во вторникот „The Bay Psalm Book“ ја купил американскиот бизнисмен и филантроп Дејвид Рубенстејн. Според објавата на интернет страницата на аукциската куќа Sotheby’s, рубенстејн планира да ја позајмува на библиотеките низ САД пред долгорочно да ја позајми на една од нив.
Kнигата „The Bay Psalm Book“ печатена во 1640 година во сегашната сојузна американска држава Масачусетс, e една од 11-те преостанати копи од преведената верзија на „Книгата на псалмите“.
Книгата не беше понудена на ниедна аукција уште од 1947 година, кога била продадена за тогаш рекордните 151 илјада американски долари. Оваа цена, пресметана во денешна вредност би изнесувала 1,56 милиони долари, а во тоа време претставувала највисоката цена постигната на наддавање за печатена книга.
Книгата „The Bay Psalm Book“ ја напишале доселеници, дваесет години откако била основана колонијата во Плимут. Џон Котон, Ричард Метер и Џон Елиот, кои ја напишале книгата, сакале верзија на псалмите за кои верувале дека е поблиска на хебрејскиот оригинал од оние коишто ги донеле со себе од Англија. Средствата за печатењето на книгата биле собрани во Англија.
Првично биле отпечатени 1.700 копии на оригиналната книга, а онаа којашто ќе биде понудена на наддавањето и’ припаѓа на колекцијата ба бостонската Old South Church којашто поседува два примерока од првото издание. Парите од продажбата на книгата ќе бидат употребени за одржување на оваа историска градба и за проширување на програмата на нејзиното дејствување. „Тоа е извонредно значајна книга, една од најважните во историјата на овој народ“, изјави отецот Ненси Тејлор.
Книгата беше изложена во повеќе американски градови пред на 26-ти ноември да биде понудена на наддавањето./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Александра Јанева со преработка на безвременската „Ми подаваш рака“

Инспирирана од минатото и неповторливата носталгична нота што ја носат македонските евергрини, Јанева ја изненади публиката со својата официјална преработка на безвременската „Ми подаваш рака“ од Даниела Панчетовиќ.
Оваа култна македонска балада беше изведена во 1978 година од Даниела Панчетовиќ на фестивалот „Скопје“. Автор на музиката е Мане Колев, текстот е на Ѓоко Георгиев, а аранжманот е на Кире Костов.
Новиот реаранжман на песната го изработи Лазар Цветкоски и заедно со Јанева дадоа нов, модерен звук и позитивен дух, кој многу прецизно ја отсликува и доловува пораката на самата песна – поддршката и потпората од најблиските е она што нѐ води низ животот, љубовта е најсилна и најзначајна кога се дели. Во преработката Александра го има искористено оригиналниот семпл од оригиналното аудио што тече низ целата песна, а особено може да се слушне на крајот од преработката сакајќи да ја задржи автентичноста на самата песна.
Видеото го изработи Даниел Јовески отсликувајќи ги најубавите агли од нашиот преубав Охрид. Во видеото се присутни повеќе пријатели на Јанева, атмосферата е ведра и позитивна и зрачи со топлина.
Овој проект Јанева го најавуваше веќе некое време, а покрај тоа, во неколку наврати на своите социјални мрежи најави нова музика за претстојниот период.
Забава
Концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо на 14 март во Скопје

На 14 март 2026 година Дорис Драговиќ и Петар Грашо првпат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, носејќи спектакл, кој ќе биде симбол на љубов, емоција и чиста музичка магија. Две музички легенди, две генерации, една сцена и една вечер што ќе влезе во историјата.
Дорис Драговиќ, дамата што веќе со децении владее со својата моќна интерпретација, ќе го врати сјајот на најубавите балади, кои се врежани во колективната меморија на целиот регион. Од другата страна, со истата сила и страст, на сцената ќе застане Петар Грашо, миленикот на публиката и човекот што со секоја песна создава нови химни за современата генерација.
Нивниот заеднички концерт ќе биде спој на искуство и свежина, на вечни класици и модерни хитови. Тоа ќе биде ноќ во која публиката ќе патува низ времето, од балканската естрадна ера, која ја бележеше Дорис, до денешните хитови што го дефинираат звукот на новото време со Грашо.
Една бина, два гласа, две музички епохи и еден град, кој ќе биде сведок на концерт за паметење. Раскошната емоција на Дорис Драговиќ и неповторливата харизма на Петар Грашо на 14 март ќе создадат вистинска музичка магија!
Овој концерт е повеќе од календарски датум или уште еден настан. Ова ќе биде симбол на еден момент кога две кариери се преплетуваат за да создадат нешто ново и уникатно.
Како што Дорис со децении е доказ дека вистинската уметност никогаш не старее, така и Грашо е доказ дека музиката секогаш може да биде свежа и модерна. На 14 март тие ќе се сретнат за да докажат дека музиката нема граници, ни генерациски ни географски.
Билетите за овој настан се веќе пуштени во продажба и имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, „Розе Веро 2“, „ЈК травел“ во Бисер и „ЈК травел Дајмонд“.
Забава
„2 бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ в сабота во Паркот на франкофонијата

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.