Македонија
Меѓупартиски преговори за излез од кризата, лидерската ќе почека
Високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и на ДПА денеска во 11 часот треба да се сретнат за да ги продолжат преговорите за имплементирање на Договорот од Пржино.
Се очекува претставниците на партиите да разговараат за реформи во медиумите и за моделот на прочистување на Избирачкиот список.Се уште не се создадени услови за нова лидерска средба, затоа што нема конкретни предлози за надминување на кризата, па денешните преговори ќе се водат на ниво на високи партиски функционери. Во Македонија овие два дена е и специјалниот пратеник на германското министерство за надворешни работи Јоханес Хајндл, која се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, но не и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата во владејачката партија била присутна партиска делегација, но од таму не соопштија кои функционери зборувале со Хајндл во отсуство на Никола Груевски.Меѓупартиските преговори беа прекинати пред еден месец, поради дијаметрално спротивни ставови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за регулацијата на медиумите и за начинот на прочистување на Избирачкиот список. /крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

